Струјна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струјните согласки (теснински, фрикативи или спиранти)[1][2] се согласки што се создаваат со истиснување на воздухот низ тесен премин кој се образува со приближување на два органи на творба. Ова може да биде приближување на долната усна и горните заби (се добива [f]); задниот дел од јазикот и мекото непце (се добива [x]) или страничниот дел од јазикот и катниците (се добива велшкото [ɬ]). Овој силен тек на воздух се нарекува струење или фрикација. Еден подвид на струјните согласки се шушкавите (сибиланти). При создавањето на шушкава согласка, воздухот се истиснува како погоре, но јазикот е извиен по должината за да го спроведе воздухот до рабовите на забите. Такви примери се македонските гласови [s] (с), [z] (з), [ʃ] (ш) и [ʒ] (ж).
Remove ads
Шушкави струјни согласки
- [s] безвучна преднојазична шушкава согласка, македонски: с
- [z] звучна преднојазична шушкава согласка, македонски: з
- [sʼ] исфрлена преднојазична шушкава согласка
- [s̪] безвучна забна шушкава согласка
- [z̪] звучна забна шушкава согласка
- [s̺] безвучна врвнојазична шушкава согласка
- [z̺] звучна врвнојазична шушкава согласка
- [s̠] безвучна задновенечна шушкава согласка (рамнојазична)
- [z̠] звучна задновенечна шушкава согласка (рамнојазична)
- [ʃ] безвучна заднонепченo-венечна шушкава согласка (засводена, делумно палатализирана), македонски: ш
- [ʒ] звучна заднонепченo-венечна шушкава согласка (засводена, делумно палатализирана), македонски: ж
- [ɕ] безвучна венечно-преднонепчена шушкава согласка (рамнојазична, палатализирана)
- [ʑ] звучна венечно-преднонепчена шушкава согласка (рамнојазична, палатализирана)
- [ʂ] безвучна свиена шушкава согласка (врвнојазична или подјазична)
- [ʐ] звучна свиена шушкава согласка (врвнојазична или подјазична)
Сите шушкави согласки се преднојазични, но во тој опсег може да бидат забни, венечни, задновенечни или преднонепчени (свиени). Меѓутоа, на задновенечното место на творба, јазикот може да заземе неколку положби: засводена, рамна и врвеста. Сите тие имаат посебен симбол и назив. Прототипните свиени согласки се подјазични и преднонепчени, но обично се пишуваат со истиот симбол како врвнојазичните задновенечни согласки. Задновенечните и забните согласки може да бидат и врвнојазични или рамнојазични, но оваа разлика се означува со дијакритички знаци наместо со посебни симболи.
Remove ads
Средни нешушкави струјни согласки
- [ɸ] безвучна двоуснена струјна согласка
- [β] звучна двоуснена струјна согласка
- [f] безвучна усненозабна струјна согласка, македонски: ф
- [v] звучна усненозабна струјна согласка, македонски: в
- [θ̼] безвучна јазичноуснена струјна согласка
- [ð̼] звучна јазичноуснена струјна согласка
- [θ], [θ̟] безвучна забна струјна согласка, англиски thing
- [ð], [ð̟] звучна забна струјна согласка, англиски that
- [θ̠], [ɹ̝̊] безвучна венечна нешушкава струјна согласка
- [ð̠], [ɹ̝] звучна венечна нешушкава струјна согласка
- [r̝̊] безвучна трепетна струјна согласка
- [r̝] звучна трепетна струјна согласка
- [ç] безвучна преднонепчена струјна согласка
- [ʝ] звучна преднонепчена струјна согласка
- [x] безвучна заднонепчена струјна согласка
- [ɣ] звучна заднонепчена струјна согласка
- [ɧ] безвучна преднонепченo-заднонепчена струјна согласка (творбата е спорна)
- [χ] безвучна ресична струјна согласка
- [ħ] безвучна голтничка струјна согласка
- [ʜ] безвучна надгласилна струјна согласка
Remove ads
Странични струјни согласки
- [ɬ] безвучна венечна странична струјна согласка
- [ɮ] звучна венечна странична струјна согласка
- [ɬ̥˔] или [ɬ̢] безвучна свиена странична струјна согласка (се пишува и со [])
- [ʎ̥˔] или [ʎ̝̊] безвучна преднонепчена странична струјна согласка (исто и [])
- [ʟ̝̊] безвучна заднонепчена странична струјна согласка (исто и [])
- [ʟ̝] звучна заднонепчена странична струјна согласка
Страничната струјна согласка како ll во велшкиот (на пр. Lloyd, Llewelyn, Machynlleth), како обезвученото 'hl' и звучното 'dl' или 'dhl' во неколку јужноафрикански јазици (како што се коса и зулу) и монголскиот.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads