Чкрапава согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чкрапави согласки (чкрапки или кликови) — гласови што се среќаваат како согласки во многу јазици на југот на Африка и три јазици во источниот дел на континентот. Некои од нив се користат како извици во сите јазици: забното ц-ц-ц!) кога изразуваме несогласување, страничното ч’к! кога се тера влечно животно и венечното клип-клоп! што децата го прават со јазикот кога имитираат коњски од.
Од механички аспект, чкрапавите согласки се препреки кои се прават со ограничување на две места на контакт (прегради) во устата - еден напред и еден назад. Воздушната комора добива притисок со вшмукување од јазикот (технички, чкрапавите согласки имаат јазичен вдишен воздушен механизам). Потоа предната преграда се отвора и, ослободувајќи го воздухот, создава силен нагол звук.
Remove ads
Како звучат чкрапавите согласки
Чрапавите согласки се јавуваат на пет места на творба. Во МФА, чкрапава согласка се означува со ставање на симболот за местото на чкрапава творба до симболот за нечкрапав глас на задното место на творба. Симболите на МФА се користат во пишувањето на највеќето којсански јазици, но банту-јазиците како зулу користат латинично c, x и q (забна, странична и венечна чкрапава согласка).
- Забните чкрапави согласки се најлесни чкрапави согласки за македонскиот говорник. Претставувени се со една исправена црта ǀ. Ова се остри високи звуци што се добиваат со шмукање на предните заби. Проста забна чкрапава согласка во македонскиот се користи кога сакаме да искажеме дека нешто е срамота или гревота, или пак како за викање на животно ц’к!.
- Страничните чкрапави согласки кои се претставуваат со двојна исправена црта ǁ. Овие звуци исто така се пискави, но помалку остри од ǀ што се добиваат со шмукање на катниците. Проста странична чкрапава согласка се користи за терање на влечни животни ч’к!
- Уснените чкрапави согласки се запишуваат со „окце“ ʘ и се добиваат со „цмокање“ со усните, но без напупување како за бакнеж.
Горенаведените чкрапавите согласки звучат како слеани согласки бидејќи подразбираат доста струење на воздухот. Другите два вида се понагли и не прават такво струење.
- Венечните чкрапави согласки, кои се претставуваат со извичник ǃ, врвот на јазикот е вогорниот дел на устата и силно нагло се повлекува надолу, создавајќи шупливо пук! како кога се вади тапа од празно шише. Ове може да биде мошне гласен звук.
- Преднонепчените чкрапави согласки (ǂ) се создаваат со рамен јазик, и оддаваат поостро „пукање“ од венечните (ǃ).
Remove ads
Јазици со чкрапави согласки
Чкрапавите согласки постојат во сите три којански јазични семејства во јужна Африка, каде се и најзастапени меѓу согласките. Во помала мера се присутни и во соседните банту-јазици кои ги усвоиле (непосредно или посредно) од којсанските. Југоисточно, на истокот на ЈАР, Свазиленд, Лесото, Зимбабве и јужно Мозамбик, чкрапките се усвоени од јазикот туу или јазиците од групата нгуни (особено зулу, коса и пути, но во помала мера и во свази и ндебеле), а оттаму се прошириле во намален облик во зулуанскиот пиџин фангало, сото, цонга, ронга, дијалектот мзимба на тумбука, и во поново време, во ндау и градските наречја на северен сото (педи), каде распространувањето на чкрапавите согласки сè уште трае. Второ место на прошорување се појасот Каприви и реката Окаванго, каде јазикот јеји ги усвоил чкрапавите согласки од западнокалахарскиот јазик кое, кој пак им пренел намален инвентар на чкрапави согласки на соседните јазици мбукшу, квангалскиот, дирику, кухане и фуе во Ангола, Намибија, Боцвана и Замбија.[1]
Постојат и три малцински јазици во источна Африка што користат чкрапави согласки: сандаве и хаѕа во Танзанија и загрозениот јужнокушитски јазик дахало во Кенија кој има чкрапави согласки само во неколку десетици зборови. Се смета дека таму се остаток од јазично поместување.
Единствениот неафрикански јазик што користи чкрапави согласки во редовниот говор е дамин, кој е обреден таен јазик што го употребуваат говорниците на јазикот лардил во Австралија. Една од чкрапавите согласки во дамин е всушност издишна чкрапка, каде јазикот се користи за набивање на воздухот во устата за да се добие издишан (егресивен) „млаз“.
Којсанските јазици на југот на Африка користат само чкрапави согласки на почетокот на коренот на зборовите. Хаѕа, сандаве и неколку банту-јазици допуштаат и чкрапави согласки на почетокот на слогот во состав на корените, но не постои јазик каде чкрапката го затвора слогот или стои на крајот од зборот.
Чкрапките напати се среќаваат и како идеофони во други јазици како конго /ᵑǃ/, миџикенда /ᵑǀ/ и хаѕа /ʘ̃ʷ/ (хаѕа инаку нема усни чкрапави согласки). Идеофоните честопати користат фонемски разлики што не се среќаваат во нормалниот лексикон.
Remove ads
Предавање на чкрапавите гласови на македонски
Чкрапавите согласки на македонски не се предаваат со посебните знаци, туку се транскрибираат со македонско писмо и апостроф, кој го означува наглиот прекин.[2]
Поврзано
|
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads