25 ноември (настани)
шаблон на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
| 1867 | Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда. |
| 1918 | Поранешната австроунгарска покраина Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија. |
| 1920 | Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех. |
| 1936 | Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт |
| 1939 | Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија. |
| 1965 | Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу. |
| 1973 | Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство. |
| 1976 | Суринам стекнува независност од Холандија |
| 1977 | Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор. |
| 1990 | ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads