Јанко Константинов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јанко Константинов (Битола, 1926 - Скопје, 2010 ) — македонски архитект познат по својот бруталистички стил, кој дал голема помош во повторното градење на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 кој срушил околу 80% од градот. Негова најпозната зграда во центарот на Скопје е Скопската пошта. Некое време работел и во фирмата на Алвар Алто во Финска, но после земјотресот во Скопје, се вратил во СР Македонија да помогне да се изгради градот повторно.[1]

Remove ads
Животопис
Дипломирал на Архитектонскиот факултет при техничката висока школа во Белград во 1952 година на тема Урбанистички план на крајбрежјето на Охридското Езеро, од центарот на Охрид до Билјанини Извори и хотел со покриен пливачки базен кај професор Мате Бајлон.
По дипломирањето се вработил во проектанското препријатие за Македонија „Проектант“ во Скопје, каде што останал да работи до 1954 година, кога заминал на едногодишна специјализација во Копенхаген, Данска, каде што работел за архитектите Јакобсен и Расмусен.
Од 1955 до 1958 година работел во Стокхолм, Шведска, во повеќе архитектонски бироа. Во летото 1957 година работел во бирото на Алвар Алто во Јувескула, Финска. Од 1958 до 1964 година работел во Лос Анџелес, САД, во бироата на повеќе архитекти. Во нив работел на проекти за трговски центри, училишта, администратвни и станбени објекти.
Во 1964 година, по катастрофалниот земјотрес, се вратил во Скопје. Тука бил ангажиран во изработката на планот за средишното подрачје на градот. Од 1966 година до завршувањето на работниот стаж во 1991 година работел во институтот за студии и проектирање „Бетон“ во Скопје.[2]
Remove ads
Творештво
Тој исто така е и сликар и има донирано 108 слики во техника акварел на Битолскиот музеј.[3][4]
Тој на сопствена волја работел и на фрески и икони за битолската црква „Пресвета Мајка Божја“.
Неговите дела исто така можат да се видат и надвор од македонска земја: Техничкиот колеџ во Стокхолм, Институтот за развој во Фалун, Шведска, Административен центар за размена - блоковска зграда со покриен базен во Лос Анџелес, Научниот центар во Јужна Калифорнија, згради и центри за замена во Калифорнија и други места.
Дела
Од неговото архитектонско творештво позначајни објекти се:[2]
- 1955 - Сеизмолошка станица во Валандово,
- 1969 - Педагошка гимназија „Никола Карев“ во Скопје,
- 1970 – Средно медицинско училиште во Скопје,
- 1974 - Телекомуникацискиот центар во Скопје
Посебно го привлекувала сакралната архитектура:
- 1978 – Евангелско-методистичка црква во Скопје
Од објектите што се во градба се издвојуваат:
- 1992 - Црквата во Кавадарци,
- 1993 – Соборната православна црква во Струмица,
- 1994 – Соборната православна црква во Битола,
- 1997 - Црквата во Прилеп
Remove ads
Награди
За својот творечки придонес во доменот на архитектонското проектирање ги добил следниве награди:[2]
- 1970 – Борбина плакета за Педагошката гимназија „Никола Карев“ во Скопје,
- 1975 – Борбина плакета за Телекомуникацискиот центар во Скопје,
- 1975 – награда „11 Октомври“, национална награда за уметност и архитектура, за Телекомуникацискиот центар за ПТТ во Скопје,
- 1997 – ]награда „Андреја Дамјанов“, награда на Сојузот на архитектите на Македонија, за придонесот во македонската архитектура
- 1998 – Голема награда за архитектура на Сојузот на архитекти на Македонија за хотелот „Александар Палас“ во Скопје
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
