Беќир Жута
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Беќир Жута (албански: Beqir Zhuta; Велешта, Струшко, 22 септември 1935 − Скопје, 29 август 2010 ) ― македонски економист и политичар.
Животопис
Жута е роден во струшкото село Велешта на 22 септември 1935 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1962 година и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија“. Бил на разни раководни функции во Општина Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1967 до 1969 година, помошник на секретарот за урбанизам (1970-1975), судија на Уставниот суд на СРМ од 1975 до 1983 година,[1] вицегувернер на Народната банка на Македонија од 1986 до 1992 и потпретседател на првата Влада на суверена Македонија во два наврати од 20 март 1991 до 4 септември 1992 и од 4 септември 1992 до 30 октомври 1998 како кандидат на ПДП и ПДП-НДП. Пензионерските денови ги поминувал во родното Велештаи Скопје.Беќир Жута почина на 30 август 2010 година во Скопје после долго боледување. Погребан е на Градските гробишта Бутел во Скопје [2].
Remove ads
Библиографија
- Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија, Скопје, 1984.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads