Влашка азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Влашка азбука (влашки: Alfabetu armãnescu/rãmãnescu) — варијанта на латинското писмо што се користи за пишување на влашки јазик. Тековната верзија на азбуката била предложена во 1997 година на Симпозиумот за стандардизација на влашкиот систем на пишување во Битола, Република Македонија и ревидирана во 1999 година. Потоа била усвоена од повеќето влашки писатели во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и Романија.[1]
Remove ads
Азбука
Азбуката се состои од повеќе букви и диграфи.[2] Влашката азбука е стандардизирана од 1997 година.
Дополнително, се користи и диграфот „gh“ ( /ɟ / пред „e“ и „i“).
Remove ads
Историја
Пред усвојувањето на сегашниот систем на пишување, влашкиот јазик користел широк спектар на писма, вклучувајќи грчки и кирилица.
Со стандардизацијата на романскиот, јазик тесно поврзан со влашкиот, и со отворањето на романските училишта на јужниот дел на Балканот, за пишување на влашки се користела романската азбука.
Во 1980-тите и 1990-тите, бил обновен притисокот за создавање на стандарден систем за пишување. Влашкиот почнал да се учи во училиштата во Македонија, Албанија и Романија. Членовите на различни влашки друштва ширум светот одржувале конференции на неколку години, сите со главна цел да промовираат стандардна влашка азбука.
Покрај стандардизираната азбука, сè уште постојат и други варијанти. Оние кои се засновани на латинската азбука често ги користат буквите â, ă, î, ș, ț (како и романскиот) и исто така ḑ, ľ, ń. Во Грција, влашкиот обично се пишува со грчко писмо.
Remove ads
Поврзано
- Кирилица
- Грчка азбука
- Истророманска азбука
- Меглено-романска азбука
- Романска азбука
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads