Георги Зимбилев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Зимбилев
Remove ads

Георги Зимбилев (познат како Зимбил или Зумбул-војвода[1][2]) (Горно Броди, 1847  ?, 1883 ) — македонски ајдутин и револуционер, војвода и учесник во Македонското востание.[3]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Thumb
Браќата Димитар и Георги Зимбилеви со Крсто Дабижуров

Зимбилев е роден на 1847 г. во селото Горно Броди,[4] Серско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Потекнувал од револуционерно семејство – неговиот татко бил ајдутин, па по неговите стапки и Георги станал ајдутин во четата на Коста Кукето,[5] која била дел од четата на Стојан Карастоилов и дејствувала во Неврокопско за време на Руско-турската војна (1877–1878). Учествувал во Македонското востание, а по убиството на Карастоилов станал самостоен војвода. Зимбилев бил женет за ќерката на х. Димко Хаџи Иванов, сестра на Димо Хаџи Димов.[6]

На Источен Петок во 1880 г., Зимбилев влегол со четата во родното село. Била поставена стража, а водачите влегле во црквата. По службата братот на војводата Димитар, ги изгорел сите грчки книги и ги натерал гркоманите да се заколнат пред иконата на Св. Кирил и Методиј дека нема да пречат во училиштата и на словенската богослужба. По ручек во црквата, четата се повлекла во планината.[7][8]

Властите го пратиле Черкезот Хаџи Јусуф со 70 черкески коњаници за да ја уништи четата. Јусуф ги уапсил блиските на војводата и другите комити од Горно Броди. Биле уапсени: таткото на војводата, мајката, браќата Димитар, Марин, малолетниот Крсто, жена му, сестрите Иванка и Калина, неговата малолетна ќерка и 18 други жени. Дедо Зимбил добил удар и починал, а останатите биле затворени во Сер, а по две седмици биле преместени во Канли-куле во Солун, каде починале: мајката на Георги, сестра му Иванка и малолетната сестра. Жена му, сестра му Калина и браќата Димитар и Крсто по 4 месеци биле ослободени, а брат му Марин останал уште три години. Кметот на селото, х. Атанас Перухов бил затворен во Серскиот затвор, а за кмет бил поставен гркоманот Тодор Поп Андонов.[9]

На 7 април 1882 г.[10] Зимбилев поставил заседа за Хаџи Јусуф кај селата Караќој и Крчово кај месноста Бели Пресеки и ги убиваат сите 13 Черкези. Од неговата четата загинале Димитар Бунев од Балдево и Илија од Исирлака. Четата потоа се повлекла кон Долно Броди, Старчишта и Калапот.[11] Истата година, есента четата се повлекла во Бугарија. Во врска со овој случај околу 100 луѓе биле уапсени и затворени во Валовишта и Сер - првенци и обични селани од селата Крушево, Крчово и Караќој и биле подложени на нечовечки мачења.[12] Некои биле осудени на доживотен затвор, други на 20, 10 и 8 години затвор.[13]

Повеќе информации Учесници во ликвидирањето на Хаџи Јусуф, Име ...

Летото 1883 г., Георги Зимбилев дошол со четата во Серско. На 5 јули бил опколен во с. Долно Броди кај месноста Криви Дол од 500 души аскер, башибозук и насилно мобилизирани селани. Во борбата од 33 четници, загинале 28. Меѓу жртвите бил и брат му Димитар. Иако ранет, со јуриш го преминал обрачот и со преживеаните четници се повлекол на планината Боздаг.

Георги Зимбилев бил убиен по предавство во 1883 г. Според Георги Баждаров постојат две различни претпоставки за смртта. Според една, тој бил убиен од Власи-гркомани крај манастирот „Св. Јован Претеча“ во Лакос откако се одделил од четата. Според другата верзија, откако бил ранет бил претепан со дрва од Власи во Пирин, за да биде ограбен.

Remove ads

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads