Григор Тотев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Григор (Глигор) Иванов Тотев (познат како Григор Тотето[1][2][3]) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Remove ads
Животопис
Тотев е роден на 10 мај 1868 г. во селото Сехово, Гевгелиско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Во 1892 г. завршил I клас во Солунската машка гимназија. Во 1894 г. стапил во ВМОРО, привлечен од Гоце Делчев[4] и Атанас Мурџев. Работел како книжар кај Петар Сарафов. Потоа работел како учител во Долна Џумаја (1895), Горна Џумаја (1896/1897), Бајалци, Мачуково (1898–1900) и Шљопинци (1901).[5]

Гевгелискиот раководител на ВМОРО, Илија Докторов запишал:
„ | Во тие два ана-хотели, кои беа еден до друг постојано се навртуваа Васил Панчев, поп Стамат Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Тие четворица беа најдоверливите помошници на Даме Груев. Преку нив се средуваа тајните средби на Даме Груев; тие беа распоредени да работат сериозна работа, беа во постојан конкакт со сите терористи и преку нив се испраќаше и добиваше тајната пошта од провинцијата.[6] | “ |
По Солунската и Бајалската афера кои се случиле во почетокот на 1901 г., Тотев бил баран од властите и во февруари е принуден да премине во илегалност заедно со Аргир Манасиев и Ташко Мицев од Шљопинци.[7] Тотев станал секретар на четата на Крсто Б’лгаријата. Од август 1901 г. бил самостоен војвода во Кукушко. Во октомври истата година, Тотев казнил предавник на четата на Андон Ќосето од Калиново.[8] Во 1902 г. негови четници се Туше Георгиев – Големиот гајда,[9] Христо Мицов и Дино Крундурски, кој во јуни го убил падарот на с. Смол, Лани Ислам, а потоа е убиен од шверцери.[10]
Во март 1903 г., Тотето тешко се разболел и заминал на лекување во италијанска болница во Солун, по што се преселил во Бугарија преку Пиреј. Во 1915 г. бил опериран и му бил изваден едниот бубрег. Подоцна работел како архивар-регистратор и домаќин во Македонската кооперативна банка.[11] Членувал во Гевгелиското братство и во Илинденската организација.[12]
Автор е на кратки спомени кои биле публикувани во 1939 г. во списанието „Илустрација Илинден“. Починал на 11 јули 1934 г. во Софија.[5] Бил оженет со Ефросина Иванова, учителка и револуционерка од Струга.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads