Магдаленски Острови

архипелаг во Канада From Wikipedia, the free encyclopedia

Магдаленски Острови
Remove ads

Магдаленските Острови (француски: Les Îles de la Madeleine, изговор: [lez‿il də la madˈlɛn]) - мал архипелаг во Заливот Сент Лоренс со површина од 205.53 км2. Иако поблиску до Островот Принц Едвард и Нова Шкотска, островите се дел од канадската покраина Квебек.

Кратки факти Les Îles de la Madeleine, Географија ...

Островите се регионален округ и пописна дивизија Магдаленски Острови. со географски код е 01. Административно се поделени во две општини, и тоа: Магдаленски Острови (2011 попис, насел. 12,291) и Грос Ил (насел. 490).

Thumb
Светилник на брегот на Магдаленските Острови
Remove ads

Географија

Постојат осум главни острови: Амхерст, Гранд Антре, Гриндстон, Грос Ил, Хаус Харбор, Поант о Лу, Антре и Брион.[1][2] Сите острови, освен Брион, се населени. Постојат неколку други мали острови кои исто така се сметаат за составен дел на архипелагот: Птичја Карпа (фр. Rocher aux Oiseaux), Остров на фоките (фр. Île aux Loups-marins), Паке и Роше ди Кор Мор (фр. Rocher du Corps Mort).[3]

Порано островите внатре биле целосно покриени со борови шуми.[2] Архипелагот лежи врз стара солна купола.[1][4] Инхерентната пловност на солта го поттикнала подигнувањето на пермскиот црвен песочник. Во близина на солните куполи се верува дека има извори на фосилни горива.[5] Камена сол се ископува на Островите.[6]

Remove ads

Список на острови

Remove ads

Историја

Во 1534, Жак Картие бил првиот познат Европеец кој ги посетил островите. Претходно, народот Микмак ги посетувал островите илјадници години како дел од сезонската миграција за храна,[7] веројатно за ловење моржови. Голем број на археолошки наоди биле ископани на архипелагот.

Архипелагот бил именуван во 1663 од страна на Франсоа Дубле (1619 или 1620 - прибл. 1678), господар на островот, според неговата сопруга, Мадлен Фонтен.[8] Во 1765, островите биле населени со 22 франкофонски Акадијци и нивните семејства. Тие биле ловци на моржови за британскиот трговец Ричард Гридли. Денес многу жители на Магдаленските Острови (Магдаленци) го вејат акадиското знаме и се идентификуваат како Акадијци и Квебекијци.

Островите административно биле дел од британската Колонија на Њуфаундленд од 1763 до 1774. Таа година тие биле приклучени на Квебек преку Квебечкиот акт.

До 20 век, островите биле целосно изолирани во текот на зимата, бидејќи поради санти мраз патот до копното станувал непрооден со брод. Жителите на островите немале средства за комуникација со копното. Подводен кабел бил инсталиран да се овозможи комуникација со телеграф. Зимата 1910 година, кабелот пукнал и островите повторно станале изолирани. Жителите испрати итна барање за помош на копното со пишување писма и ставање во запечатено шише кое стигнувало до брегот на Островот Кејп Бретон, од каде жителите ги известувале надлежните за итен случај кај Магдаленците. Владата со мразокршачи им носела помош. По неколку години биле изградени нови безжични телеграфски станици за да се осигура комуникацијата со островите и во зимски услови. Пораката во шише станала познат симбол за преживување и секоја туристичка продавница продава реплики.

Порано, големи стада на моржови имало во близина на островите, но тие биле уништени од крајот на 18 век поради претераниот лов. Во 21-от век, островските плажи обезбедуваат живеалиште на загрозените видови како жолтоногиот звек (Charadrius melodus) и розовиот дугалски галеб (Sterna dougallii).

За подобрување на бродската безбедност, владата изградила светилници на островите за да укажуваат на пловните канали и да се намали бројот на потонатите бродови.

Remove ads

Демографија

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Еден сегмент од населението се потомци на преживеаните на повеќе од 400 потонати бродови на островите. Некои од историските куќи биле изградени од дрво од потонати бродови.[9] Островите имаат некои населби подигнати од англофони. Иако поголемиот дел веќе одамна се асимилирале со франкофонското население или пак се преселиле на друго место, англофонските населби се наоѓаат во Стариот Хари, Грос-Ил и Островот Антре.

Повеќе информации Канадски попис – Магдаленски Острови, профил на заедницата во Квебек, 2006 година ...

Јазик

Повеќе информации Канадски попис на мајчин Јазик - Магдаленски Острови, Квебек, Попис ...
Remove ads

Клима

Поморската клима на Магдаленските Острови е значително различна од онаа на копното. Големите водени маси кои кружат на архипелагот го ублажуваат времето и да создаваат поблаги услови во секоја сезона. На островите, зимата е блага, пролетта е студена, постојат неколку топлински бранови во лето а наесен е обично топло.

Магдаленските Острови имаат најмал износ на годишен мраз во Покраината Квебек. Топлите ветрови на летото траат и во септември, а понекогаш и почетокот на октомври.[13] Сепак, и покрај ова, според Кепеновата климатска класификација климата е влажна континентална, поради зимите во просек далеку под замрзнувањето на поморските стандарди.

Највисоката температура некогаш забележана на Магдаленските Острови била 31.1 °C (88 °F) на 31 јули 1949 година.[14] Најстудената температура која некогаш регистрирана била −27.2 °C (−17 °F) на 14 февруари 1891 година.[14]

Повеќе информации Климатски податоци за Аеродром Магдаленски Острови, 1981–2010 нормални, екстремни 1890–денес, Месец ...
Thumb
Карпи по должината на брегот на Грос Ил
Remove ads

Туризам

Туризмот е голема индустрија на Магдаленските Острови. Островите имаат многу километри бели песочни плажи, заедно со постојано еродирачки песочни карпи. Тие се одредиште за велосипедско кампување, морски кајак, сурфање на ветер. За време на зимските месеци, со почеток во средината на февруари, еко-туристи го посетуваат за да набљудуваат новородени и млади грендлански фоки на мразот во Заливот Сент Лоренс и околните острови.

Remove ads

Индустрија

На островите работи Канадската Компанија за Солени Рудници, која произведува патна сол за употреба во Квебек, Канада и источниот брег на Соединетите Држави.[17] Отворен во 1982 година, рудникот и фабриката за сол се наоѓа на Грос Ил и црпи сол од подземен рудникот 30 метри под Лагуната Гранд Антре. Соларата произведува 1 милион тони сол и вработува 200 луѓе.

Сообраќај

Кооперативата за поморски и воздушен транспорт (Groupe В. Т. М. А) раководи со траектната услуга помеѓу терминалите во Сури, Островот Принц Едвард и Кап-о Мел. Групата исто така спроведува и сезонска ферибот услуга помеѓу островите и Монтреал.[18]

Аеродромот Магдаленски Острови во Авр о Мезон нуди воздухопловни услуги на Лабрадор и копното Квебек.

Поврзано

  • Список на општини и територии во Квебек
  • Список на региони во Квебек

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads