Медово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Медово
Remove ads

Медово (грчки: Μηλιώνα, Милиона или Μηλεών, Милеон; до 1926 г. Μέδοβο, Медово[2]) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021).

Кратки факти Медово Μηλιώνα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа 40 км северозападно од Лерин, на подножјето на планината Бела Вода недалеку од Малото Преспанско Езеро, на надморска височина од 880 м.[3]

Топонимија

Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Медово.

Историја

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Медово (Médovo) било село во Ресенската каза со 15 домаќинства и вкупно 40 жители Македонци.[4][5] Во истиот период, Милоевиќ го завел селото со 20 македонски куќи.

На почетокот на XX век Медово е заведено како чисто македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 100 Македонци христијани.[3][6] По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вела дека во 1905 г. во Медово има 120 Македонци[4].[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Медово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[9]

Во првите денови на април 1908 г. властите извршиле претрес на селото, а испитувањата се спроведени со измачувања и насилство.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 130 жители.[3] Во 1926 г. името му е сменето во Милионас.[11] Во 1928 г. државната статистика бележи 161 жител.[3]

Во 1949 г. целото население го напуштило селото поради борбите во Граѓанската војна. Дел од жителите се преселиле во Р Македонија, а други заминале во источноевропските земји. Така, од 209 жители во 1940, Медово се свело на село без жители во 1951 г.[3] Подоцна, малубројните преостанати семејства кои биле засолнети во внатрешноста на земјата добиле дозвола да се вратат во селото. Воедно дошле и две доселенички семејства.[3] Така, во пописот од 1961 г. се заведени 107 жители, но поради масовното отселување во прекуокеанските земји во 1971 г. нивниот број опаднал на 47 и продолжил да се намалува.[3]

Во 1925 г. во Медово е изградена црквата „Свети Никола“.[12]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Список на топоними

Ова е список на позначајните топоними во Медово и неговата околина:[13]

Родови

Каде и да се отселени медовци се потомци на следните родови кои живееле во селото:

  • Алабашовци
  • Димовци
  • Каранфиловци
  • Лозановци
  • Лазаровци
  • Најдовци
  • Петковци
  • Поповци — доселени од с. Нивици
  • Ралевци
  • Стојановци
  • Стефовци
  • Трајковци

Некои од наведените родови водат потекло од некогашното село Опаја

Remove ads

Личности

  • Ристо Каранфилов — македонски револуционер од ВМОРО.[14]

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Р’мби, во кој спаѓа и селото Р’мби.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads