Општина Катланово
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Катланово, именувана и како Месен народен одбор Катланово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Катланово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.[1]
1915-1918
Општина Бајловце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Катланово продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.[3][4][5]
1945-1955
Месниот народен одбор Катланово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бадар, Блаце, Катланово и Кожле.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Катланово припаднал под новата Скопска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Катланово бил проширен со селата Брезица, Градманци, Крушје и Летевци, на сметка на укинатиот МНО Брезица.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Катланово го загубила селото Крушје на сметка на проширената Општина Иванковци.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Катланово била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Петровец.[10]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Катланово имала 1,152 жители, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Катланово, Крушје, Летевци и Таор.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Катланово имала 864 жители. Според верската припадност, 682 биле православни, додека 182 биле муслимани. Според јазичната припадност, 685 биле Срби/Хрвати, додека 179 биле Турци.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Катланово имала 2,111 жители, од кои 1,160 биле мажи, а 951 биле жени. Општината се состоела од 263 куќи и 279 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Катланово имал 1,542 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Катланово и Кожле. Од таа бројка, 1,373 биле Македонци, 77 биле Албанци, 79 биле Роми, 4 биле Црногорци, 2 биле Срби, 1 бил Хрват, 1 бил неопределен муслиман, 1 бил Турчин, 1 бил Унгарец, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.[13]
Според пописот од 1953 година, Општина Катланово имала 2,087 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле и Летевци. Од таа бројка, 1,883 биле Македонци, 95 биле Албанци, 56 биле Роми, 35 биле Срби, 10 биле Црногорци, 4 биле Турци, 1 бил Хрват, 1 бил непределен Југословен, 2 биле останати Словени.[14][15]
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads