Радош и Мала Река
планина во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радош и Мала Река (грчки: Βουνά Ξινού Νερού, порано: Ράδοσι, Μάλα Ρέκα) — планина во Леринско.[1] Највисок врв е Голем Извор (1.011 м).
Remove ads
Опис
Ова претставува група од планини и ридови во југоисточниот дел на Леринско, кои се истакнуваат над околината за околу 400 м. Ридестото подрачје нема едно име, а денешното грчкото име Вуна Ксину Неру значи Горновъбенски Планини, по името на најголемата населба на подрачјето Горно Врбени.[1] Меѓу Македонците во употреба се три традиционални имиња — Радош е југозападниот дел на ридовите северно од Ајтос, а Мала Река на целиот северен дел источно од Бел Камен и западно од најисточниот дел — возвишението Кара Дуру. Групата се протега на исток до Нередска Планина (Вич), чиј продолжеток доаѓа до низината на Баница на север и до Долно Неволјани на југ. На исток, превојот Кирли Дервент кај Церово ја двои групата од југозападните краишта на планинскиот венец Мала Ниџе, кој е дел од Ниџе.[1] На север е низината Пелагонија, а на југ е котлината Сариѓол (Кајларско Поле).
Карпите на планината се варовници и конгломерати.[1]
До највисокиот врв се стасува преку патот Горно Врбени — Бел Камен.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads