Чалошево
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чалошево или Чолошево — село во Општина Велес, во областа Повардарие, во околината на градот Велес, централна Македонија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Повардарие во рамничарски предел, на надморска височина од 260 м. Атарот зафаќа површина од 6,3 км2.[2] Чалошево е сместено на 5 км северно од Велес и на 1 километар од патот Скопје-Велес, а на половина пат е денешната приградска населба Дурутовец.
Историја
Подрачјето на Чалошево е населено уште од римско време, за што сведочи тумулот во наоѓалиштето Кула на 2 км југоисточно од селото.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалошево е село со 24 домаќинства сочинето од 73 жители Македонци и 24 муслимани.[4][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чал’шево (Чалъшево) било мешано македонско-турско село со 60 жители Македонци христијани и 190 Турци.[4][6]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чалишево имало 64 Македонци под егзархијата.[4][7]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Чалишлар (Čališlar) како македонско-турско село.[4][8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]
Во 1950-тите преостанатите Турци го напуштиле селото, а на нивно место се населиле Срби, иако во помал број.[10]
Remove ads
Стопанство
Чалошево има полјоделско стопанство. Располага со 407 ха обработливо земјиште и 142 ха пасишта.[2]
Население
Иако во првите децении на XX век населението на Чалошево опаднало, по Втората светска војна тоа бележи постојан пораст, веројатно поради близината на градот Велес. Со заминувањето на Турците во 1950-тите (55 лица), во селото се населиле 24 Срби. Со текот на годините српското население опаѓало, а македонското се зголемувало.[10]
Според пописот од 2002 година селото имало 216 жители, од кои 206 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 203 Македонци, 2 останати и 4 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Турски:
- Доселеници: Куцуровци или Шабановиќ (3 к.) потекнувале од предок Албанец кој се доселил во 18 век од дебарско. мешајќи се со Турците се потурчиле.
Македонски
- Староседелци: Огњановиќ или Стаменковци (3 к.)
- Доселеници: Тасевци или Крстевци (1 к.) стари доселеници од околината на Врање во Србија. Од овој род имало многу иселеници во Велес; Стојановиќ (1 к.) потекнуваат од скопско. Пред да се населат овде живееле и во селата Башино Село, Отовица и Новачани; Настовиќ (1 к.) доселени од селото Караслари; Ѓоревиќ (1 к.) доселени од селото Скачинци; Галевиќ (1 к.) доселени од Велес. Подалечно потекло од селото Сопот; Илчевиќ (1 к.) доселени од селото Кумарино. Имаат иселеници во Велес; Ацковиќ (1 к.) доселени од Велес. А уште подалечно потекло од околината на Ениџе Вардар во Егејска Македонија; Ѓошевиќ (1 к.) доселени од селото Отовица, а подалечно потекло од Новачани; Теовиќ (1 к.) доселени од Велес, подалечно потекло од селото Дреново.[16]
Remove ads
Општествени установи
- Црква „Св. Илија“, чиј камен-темелник осветен во 2012 г.;[17]
- ПУ „Панко Брашнаров“
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2183 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Кула — тумул од римско време
Иселеништво
Според истражувањата направени во 1935 г. родови со потекло од Чалошево има во следниве населени места:[20]
- Башино Село, Оп. Велес: Ристови, Илчеви, Трајковци и Лашпетковци
- Сопот, Оп. Велес: Гулевци и Давчеви
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads