Шутово

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Шутовоmap
Remove ads

Шутово — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

За коренот на името на селото има повеќе можности. Едното е дека е од старословенско потекло, односно од „шут(о)“ што има значење на шегаџија или фалбаџија. Другото е од македонското потекло „шут“ со значење дворски смешник или од придавката „шут“ со значење крњ, штрб. Понекогаш има мислења дека потекнува и од значењето за човек, за некој што е будалест, глупав.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Кичево е оддалечено 6 километри.[3] Селото е сместено на западните падини на Челоица.

Куќите на ова село се сместени помеѓу низинското земјиште на запад и повисокото планинско земјиште на исток. Поради тоа селото има поволна стопанска положба. Околни села се: Премка, Гарани и Стрелци.[4]

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Кодра Сеферит, Маврец, Меџе Мешишит, Мола Сарет (Кисела Јаболка), Јазмак, Покошта, Треска, Парејца, Равен, Болкец, Умишта, Пали Круша, Ливада Стрезе (Стрезова Ливада), Бунари Кеч (Лош Бунар), Аре Браиме, Свињарец и Кашинец.[4]

Селото има збиен тип и е издолжено од југозапад кон североисток. Селото скоро и да е поврзано со соседното Премка. Куќите на некои групи родови се групирани и наречени: Мурате, Амедит, Суљет и Литет.[4]

Remove ads

Историја

Thumb
Гробиштата во селото
Thumb
Гробиштата во селото

Шутово се смета за познато старо село во Кичевската Котлина. Први пишани историски податоци за селото се сретнуваат во турските пописни дефтери од втората половина на XV век, односно во 1476/77 година, кога селото се споменува под името Шутов Дол со 62 словенско-христијански куќи,[4] во кои имало 55 семејства и 7 неженети, сите христијани.[5]

До првата половина на XIX век селото било чисто македонско село, кое било доста големо, имало црква „Св. Атанасиј“ и гробишта околу нејзе.[4]

На почетокот на XIX век меѓу Македонците се населиле три муслиманско-арбанашки домаќинства. Од нив денес потекнуваат денешните големи родови Мурате, Амедит, Суљет и Литет. Поради наглиот пораст на бројот на Арбанаси, но и бројните нивни зулуми, Македонците започнале да се иселуваат од селото.[4]

Во XIX век, Шутово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Селската црква била запалена од страна на Арбанасите во 1896 година. До 1960-тите години кога истражувал Јован Трифуноски црквата имала остатоци, а околу нејзе биле останати македонски гробови со плочи и крстови.[4]

Околу 1900 година, бројот на македонски домаќинства бил само 18. Старешините на тие домаќинства биле Анѓеле, Петко, Цветан, Штерјо, Ѓенко и други. Подоцна и тие го напуштиле селото. Последните три македонски домаќинства биле избркани за време на балистичката окупација во текот на Втората светска војна. Тоа биле браќата Наќе, Аце и Драге Цветанови, кои сега живеат во Кичево.[4]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 5,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 276 хектари, на пасиштата отпаѓаат 120 хектари, а на шумите 84 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 57 домаќинства со 140 жители муслимани и 58 христијани.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 346 жители, од кои 6 христијани и 340 муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Шутово имало 16 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[9]

Селото е средно по големина и е населено со албанско население. Тоа, во 1961 година имало 657, а во 1994 година 669 жители.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Шутово, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Шутово живееле 760 жители, од кои:[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 397 жители, од кои 376 Албанци и 21 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Денес, Шутово е албанско село, чии родови се доселени. Староседелските македонски родови се иселиле во последниот век и половина.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Постари доселеници: Мурате (30 к.), Амедит (31 к.), Суљет (15 к.) и Литет (14 к.), последните два рода имаат ист предок. Сите овие родови имаат потекло од Северна Албанија. Во родот Мурате се знае следното родословие: Селим (жив на 70 г. во 1961 година) Етем-Селим-Асан-Мурат, предокот кој се доселил околу 1800 година. Тој бил првиот Албанец во Шутово, а подоцна дошле предците на другите родови.
  • Понови доселеници: Пашалије (6 к.) и Кротке (5 к.), доселени во втората половина на XIX век.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16]

  • Македонски родови: Цветановци (1 к.), слават Св. Никола, не го знаат потеклото.
  • Албански родови: Шутовци (99 к.), поалбанчени староседелци од Гарани. Тука дошле тројца браќа: Беќир (од него и Беќировци), Мурат (од него и Муратовци) и Муслија (од него Муслиевци).
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Шутово, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци и Црвивци. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0795 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 693 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска џамија
Цркви

Во минатото во селото постоела црква „Св. Атанасиј“, која била срушена од страна на Албанците во 1896 година. Околу нејзе до 1960-тите години се забележувале руини, како и селските гробови на македонското население со плочи и крстови.[4][16]

Џамии[19]
  • Џамија — обновена џамија откако старата била запалена во 1913 година
Езера
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Шутово
  • Ибе Паликуќа (1927-1944) — македонска партизанка, починала во селото.

Иселеништво

Македонското население од Шутово се има целосно иселено. Во Кичево живеат Цветановци (3 к.) и Петковци (4 к.). Родот Шутаревци (3 к.) се иселил во соседното село Премка. Родот Шуговци (13 к.) се преселил во поречкото село Вир. Низ Порече има и други иселеници од Шутово.[4]

Во поново време од селото има иселувања и од албанското население. Осум домаќинства се преселиле во Турција (во Истанбул и Адапазар). Три домаќинства се преселиле во Кичево.[4]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads