From Wikipedia, the free encyclopedia
Мочуриште или блато — влажно подрачје со шумска растителност.[1] Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.[2] Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера.[3] Некои имаат изолирани делчиња со нормална растителност, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања.[4] Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.[5]
Одлика на мочуриштето е застојаноста на водата[6] или многу бавен проток. Под извесни околности, мочуриштата можат да се создадат и од самите реки. Друга одлика за мочуриштата е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.
Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на мочуриштата со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти.[7] Човекот во минатото ги исцедувал мочуриштата и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од мочуриштата,[7] додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90%.[8]
Денес постои свест за еколошката важност на мочуриштата: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија.[9] Во разни краишта во светот, мочуриштата денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.[2][10]
Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско[11] и Студенчиште.[12] Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха[13]
Денес поважни мочуришта се Катлановското, Моноспитовското и Белчишкото Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.
Мочуриште | Место | Белешки | Координати |
---|---|---|---|
Белчишко Блато со Сини Вирој | Белчишта, Дебрца | ||
Катлановско Блато | Катланово, Петровец | ||
Моноспитовско Блато | Моноспитово, Босилово | ||
Кундинско Езеро | Кундино, Пробиштип | ||
Мездра и Ѓерам | Мездра, Свети Николе | ||
Мокро и Суво Езеро | Страцин, Кратово | замочурени езера на Козјак | |
блата Ченгино Кале - Клепало | Ченгино Кале, Берово | под Малешевските Пл. | |
Еленско Блато | на Буковик кај Пехчево | меѓу Кадиица и Малешевски Пл. | |
Студенчишко Блато | Студенчишта, Охрид | ||
Струшко Блато | Радолишта, Струга | крај Охридското Езеро | |
Слана Бара | Царев Врв, Крива Паланка | тресетиште на Осоговските Пл. | |
Кравја Млака | на Караорман, Дебрца | ||
Стењско Блато | Стење, Преспа |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.