From Wikipedia, the free encyclopedia
Сесар Аспиликуета Танко (роден 28 август 1989 година, во Памплона) — шпански фудбалер, играч од одбраната на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентацијата. Тој најчесто покрива две позиции во одбраната: неговата омилена позиција десен бек, а во подоцнежните етапи од кариерата бил користен и како централен дефанзивец.
Сесар Аспиликуета | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Сесар Аспиликуета Танко[1] | ||
Роден на | 28 август 1989 | ||
Роден во | Памплона, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Атлетико Мадрид | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Осасуна | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2007 | Осасуна Б | 27 | (1) |
2007-2010 | Осасуна | 99 | (0) |
2010-2012 | Олимпик Марсеј | 47 | (1) |
2012-2023 | Челси | 349 | (10) |
2023– | Атлетико Мадрид | 19 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2005 | Шпанија 16 | 3 | (0) |
2006 | Шпанија 17 | 14 | (0) |
2007-2008 | Шпанија 19 | 18 | (2) |
2009 | Шпанија 20 | 5 | (0) |
2008-2011 | Шпанија 21 | 19 | (1) |
2012 | Шпанија (олимп.) | 5 | (0) |
2013- | Шпанија | 44 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Како младински производ на Осасуна, тој поминал три сезони во клубот играјќи во Ла Лига, пред да се пресели во Марсеј, освојувајќи четири големи трофеи со францускиот клуб. Во летото 2012 година, тој се преселил во Челси, освојувајќи ја Лига Европа во неговата прва сезона во клубот и домашната двојна круна две години подоцна. Оттогаш тој запишал над 400 настапи за Челси и во моментов е осми на нивната вечна листа на играчи по бројот на настапи; а само Петр Чех е единствениот не-англичанец кој играл повеќе пати за сините од Аспиликуета. Во 2019 година, тој како капитен го предводел Челси до нова титула во Лига Европа, а подоцна и до титулата во Лигата на шампоните во 2021 година.
Аспиликуета ја претставувал Шпанија во младинските репрезентации речиси во сите возрасни категории, вклучувајќи ја и репрезентацијата под 21 година со која настапил на две Европски првенства, освојувајќи го изданието во 2011 година. Дебито за сениорската репрезентација го имал во 2013 година, а бил избран од селекторите да учествува на две Светски првенства во 2014 и 2018 како и на две Европски првенства во 2016 и 2020 година.
Сесар Аспиликуета е син на Пачи Аспиликуета, по професија сликар, и Чаро Танко, наставничка во основно училиште.[2][3] Сесар има постар брат, Хуан Пабло (роден 1980 година), кој исто така бил фудбалер и играл нисколигашки фудбал.[4][5]
Оженет е со својата долгогодишна партнерка Адријана Герендиајин, со која имаат три деца:[6][7] две ќерки и син.[8]
Аспиликуета е бек, кој се одликува со голема брзина[9] и одличен центаршут.[9] Исто така има многу моќен удар од далечина, и е многу добар во дриблинг еден на еден, што е резултат на тоа што својата кариера ја започнал како напаѓач, за потоа да биде префрлен во средниот ред, па на крајот во одбраната.[10]
На почетокот на својата професионална кариера тој се утврдил на позицијата десен бек, и тоа била неговата примарна позиција сè до доаѓањето во Челси. Играјќи за лондонскиот клуб, тој бил користен во неколку разилчни улоги, како на пример лево (лев бек) од Жозе Мурињо,[9] додека последователното со пристигнувањето на Антонио Конте, тој бил користен како централен дефанзивец играјќи десно во одбрана со три играчи.
Аспиликуета е роден во Памплона, Наваре. Како производ на младинскиот сектор на Осасуна, тој го направил своето деби во Ла Лига на 8 април 2007 година во гостинскиот пораз со 2-0 од Реал Мадрид, додека сè уште бил регистриран во резервниот тим.[11]
Во сезоната 2007-2008, како резултат на повредите во првиот тим, Аспиликуета се етаблирал како редовен стартер на возраст од само 18 години, играјќи на позицијата десен бек. Тој продолжил да игра редовно на таа позиција и во следните две сезони, забележувајќи вкупно 108 натпревари во дресот на Осасуна без ниту еден постигнат погодок.
На 21 јуни 2010 година, од францускиот клуб Олимпик Марсеј потврдиле дека бил постигнат договор со Осасуна за трансферот на Аспиликуета во Јужна Франција, во трансфер вреден 7 милиони евра, додека играчот требало да потпише четиригодишен договор.[12][13] Една недела подоцна, трансферот бил потврден и од екипата на Осасуна, со тоа што надоместот за трансфер можел да се искачи на дури 9,5 милиони евра во зависност од бројот на настапи.[14]
Дебитирал за Марсеј на 28 јули 2010, во победата над Париз Сен Жермен во Суперкупот на Франција остварена по изведување на пенали; своето деби во Лига 1 го направил на 7 август 2010, во поразот со 1-2 на домашен терен од Кан. На своето деби во Лигата на шампионите, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот одигран на домашен натпревар против Спартак Москва, но во сопствената мрежа за победа на русите од 0-1.[15] Својот прв гол во дресот на Олимпик Марсеј го постигнал на 10 октомври 2010, во победата со 2-1 над Монако во Лига купот.
На 27 ноември 2010 година, во раните минути од победата од 4-0 на домашен терен против Монпелје - што значела дека Марсеј ќе се искачи на врвот на табелата во лигата - Аспиликуета ги истегнал предните кружни лигаменти на левото колено;[16] повредата го оддалечила од терените повеќе од шест месеци и практички предвреме ја завршила неговата прва сезона во Марсеј, иако тој се вратил и играл во последните два првенствени натпревари. Следната сезона, тој бил стандарден првотимец и одиграл 44 натпревари во сите натпреварувања постигнувајќи еден гол (во победата со 3-0 над Осер во првенството).[17]
Во август 2012 година, поради шпекулациите дека многу клубови се заинтересирани за Аспиликуета, меѓу кои и Челси, Марсеј, потврдиле дека тој би можел да замине само "ако Челси испрати фер понуда за Аспиликуета, која ќе ги задоволи барањата на клубот."[18] И покрај лојалноста која ја покажал кон клубот, Аспиликуета пак од друга страна изјавил дека е подготвен да си замине доколку со тоа му помогне на Марсеј да ги реши финансиските проблеми.[19]
На 24 август 2012 година, Челси го комплетирале трансферот на Аспиликуета за неоткриена сума, пријавена како 7 милиони фунти.[20][21] Новиот соиграч во Челси и репрезентативец на Шпанија, Хуан Мата дал изјава во врска со доаѓањето на Аспиликуета велејќи: „тој е силен десен бек кој има одлично темпо, исто така, мислам дека тој веќе е комплетен играч“.[22] Поради неговото презиме, кое било тешко за изговарање за зборувачите на англискиот јазик, приврзаниците на Челси му го дале анонимниот прекар „Дејв“.[23]
Аспиликуета го направил своето деби на 25 септември 2012 година, започнувајќи од првата минута во победата со 6-0 против Вулверхемптон Вондерерс во Лига купот.[24] Својот прв натпревар во Премиер лигата го одиграл на 6 октомври, влегувајќи како замена за Бранислав Ивановиќ во победата со 4-1 над Норич Сити, исто така на Стемфорд Бриџ.[25]
На 3 ноември 2012 година, Аспиликуета го имал својот прв старт во лигата, играјќи против Свонси Сити во ремито 1-1.[26] Тој одиграл 48 официјални натпревари во својата прва година со сините водени од Рафаел Бенитес, вклучувајќи и осум натпревари во победничката кампања во УЕФА Лига Европа. Во финалето против Бенфика, тој направил пенал играјќи со рака во сопствениот шеснаесеттник во 67-мата минута, кој довел до изедначување на резултатот откако Оскар Кардосо го претворил пеналот во гол, но на крајот Челси славеле победа со 2-1 во Амстердам.[27]
Аспиликуета го постигнал својот прв гол за Челси на 29 октомври 2013 година, погодувајќи ја мрежата на Арсенал во победата со 2-0 во четвртото коло од Лига купот.[28] По пристигнувањето на новиот менаџер Жозе Мурињо, тој започнал редовно да се појавува во почетната постава како лев бек, заземајќи го местото на долгогодишниот неприкосновен сопственик на таа позиција, Ешли Кол.[29][30] Мурињо изјавил за него: „Аспиликуета е вид на играч кој многу ми се допаѓа. Мислам дека тим со 11 Аспиликуети веројатно ќе го освои натпреварувањето (Лигата на шампионите) затоа што во фудбалот не е важен само чистиот талент“.[31] На крајот на сезоната, тој бил изгласан за играч на сезоната на Челси.[32]
Пред почетокот на сезоната 2014-2015, Кол бил ослободен и клубот потрошил 15,8 милиони фунти за доведување на Филипе Луис, но Аспиликуета ја започнал сезоната како прв избор на позицијата лев бек.[33] На 2 септември 2014 година, тој потпиша нов петгодишен договор со клубот,[34] а на 18 октомври бил исклучен откако заработил црвен картон за фаул над Миле Јединак во првото полувреме од победата од 2-1 над Кристал Палас.[35]
На 1 март 2015 година, Аспиликуета го започнал за Челси финалето на Лига купот во кое сините го победиле Тотенхем со 2-0; во второто полувреме, тој заработил повреда по судир со Ерик Дајер, и морал да го напушти теренот за главата да му биде завиткана со завој.[36] Сезонатаа завршила со дополнително славје за клубот, со освојувањето на титулата во Премиер лигата, по петгодишно чекање.
На почетокот на следната сезона, Аспиликуета играл 69 минути во поразот со 1-0 од Арсенал во ФА Комјунити Шилд.[37] Деветнаесет дена подоцна, тој го постигнал третиот гол за својот тим во победата со 3-2 против Вест Бромвич Албион, негов прв гол во Премиер лигата во кариерата.[38] Против истиот противник, тој го постигнал и вториот свој гол во лигата, во ремито 2-2 на 13 јануари 2016 година.[39]
По доаѓањето на клупата на новиот менаџер Антонио Конте, Аспиликуета првично бил користен како лев бек, но по двата последователни порази во лигата, тој бил претворен во стопер во формација со тројца играчи позади: дебитирал на новата позиција веќе во следниот натпревар против Хал Сити на 1 октомври 2016, кој завршил со победа на сините од 2-0.[40] На 13 декември 2016 година, тој потпишал нов три ипол годишен договор со Челси, во трајност до 2020 година;[41] во првиот настап по потпишувањето на договорот тој го остварил својот 200-ти натпревар настап за клубот, во победата со 1-0 над Сандерленд.[42]
Во сезоната 2016-2017 Челси одново станал шампион во Премиер лигата, а Аспиликуета ја одиграл секоја минута од натпреварите на Челси во првенството, придонесувајќи исто така, и со еден гол постигнат во победата со 4-3 на домашен терен против Вотфорд, во натпревар кој се одиграл откако веќе титулата била освоена.[43] Во јули 2017 година, по заминувањето на Џон Тери, тој бил назначен за капитен.[44] На 12 септември 2017 година, Аспиликуета го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во победата со 6-0 во групната фаза на домашен терен против Карабах.[45]
Аспиликуета потпишал нов договор во декември 2018 година, со траење до 2022 година.[46] Откако Кејхил го напуштил Челси, тој бил избран за капитен на клубот во пресрет на сезоната 2019-2020; тој веќе ја носел лентата додека англичанецот бил надвор од терените, вклучително и во победата над Арсенал во финалето на УЕФА Лига Европа во Азербејџан.[47] На 23 октомври, тој го одбележал својот 350-ти настап за Челси играјќи во гостинската победа со 1-0 над Ајакс во Лигата на шампионите.[48][49]
На 1 јануари 2020 година, Аспиликуета го регистрирал својот 100-ти настап како капитен на клубот со гол и притоа бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1-1 против Брајтон и Хоув Албион.[50] На 1 август, за време на поразот од Арсенал со 2-1 во Финалето на ФА купот 2020, Аспиликуета направил пенал и подоцна се повредил, што довело до негова замена.[51]
Аспиликуета станал 13-тиот играч во историјата на Челси со најмалку 400 настапи, кога се појавил во натпреварот против Манчестер Сити на 3 јануари 2021 година.[52] На 23 мај, во последниот натпревар од првенството за сезоната 2020-2021, тој бил исклучен за прекршок над играчот на Астон Вила, Џек Грилиш, во натпреварот во кој сините биле поразени со 2-1; првично, Аспилилкуета бил казнет со три натпревари не играње, но суспензијата била поништена по жалбата.[53] Шест дена подоцна, тој бил капитен на составот на Челси кој излегол на Драгао во Порто и издвојувал победа со 1-0 против Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите, помагајќи им на лондонските сини да ја освојат нивната прва титула во Лигата на шампионите после 9 години.
Во 2007 година, Аспиликуета му помогна на шпанскиот тим под 19 години да победи на Европското првенство во таа возрасна категорија. Набргу потоа, откако почнал да игра за репрезентацијата под 21 година, бил избран да учествува на Европското првенство во Шведска во 2009 година, каде играл во трите натпревари во групната фаза.
На 11 мај 2010 година, тогаш 20-годишниот Аспиликуета бил повикан во сениорскиот тим од селекторот Висенте дел Боске и се нашол на поширокиот список од 30 играчи, во пресрет на Светското првенство во Јужноафриканската Република. На крајот, тој не го преживеал последното скратување на списокот и испаднал од комбинација да настапи на мундијалот.[54]
Аспиликуета бил избран во составот на Шпанија за Летните олимписки игри во 2012 година, откако го пропуштил Европското првенство 2012 неколку месеци пред тоа.[55] Поради присуството на Алваро Домингес, тој се појавил само во последниот натпревар во групата, ремито 0-0 против Мароко на Олд Трафорд, а репрезентацијата испаднала уште во фазата по групи.[56]
На 1 февруари 2013 година, Аспиликуета бил повикан во сениорскиот состав за пријателски натпревар против Уругвај. Селекторот Дел Боске рекол: "Аспиликуета игра многу натпревари за Челси. Тој има многу енергија, добро брани и секогаш е подготвен да нападне. Имаме многу надеж за него.[57] Тој го направил своето деби пет дена подоцна, играјќи ги сите 90 минути во победата со 3-1 над јужноамериканците во Доха, Катар;[58] по натпреварот, тој изјавил дека тоа бил негов „сон да игра за Шпанија“ на сениорско ниво.[59]
Аспиликуета бил избран да учествува на Купот на конфедерациите 2013, што се одржал во Бразил:[60] тој го започнал вториот натпревар во групата против Тахити, кој Шпанија го добила со 10-0 - што претставува рекорд за победа со најголема маргина на ова натпреварување,[61] и го заменил Алваро Арбелоа на полувремето во поразот со 3-0 во финалето против домаќинот.[62]
Во јуни 2014 година, Аспиликуета бил избран да ја претставува Шпанија на Светското првенство 2014 во истата јужноамериканска земја.[63] Тој бил стартер на позицијата десен бек за време на првите два натпревари, против Холандија[64] и Чиле, но Црвената фурија разочарала и како бранител на титулата била елиминирана уште во групната фаза.[65]
Аспиликуета бил вклучен и во составот од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[66] како и во 24-члениот состав на Шпанија на Европското првенство 2020.[67] Во осминафиналето на Евро 2020, тој го постигнал својот прв гол за шпанската сениорска репрезентација во победата со 3-5 по продолженија против Хрватска.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
06-02-2013 | Доха | Шпанија | 3 – 1 | Уругвај | Пријателска | - | ||
08-06-2013 | Мајами Гарденс | Шпанија | 2 – 1 | Хаити | Пријателска | - | ||
20-6-2013 | Рио Де Жанеиро | Шпанија | 10 – 0 | Тахити | Куп на конф. 2013 - Прва фаза | - | ||
30-6-2013 | Рио Де Жанеиро | Бразил | 3 – 0 | Шпанија | Куп на конф. 2013 - Финале | - | 46' | |
5-3-2014 | Мадрид | Шпанија | 1 – 0 | Италија | Пријателска | - | ||
30-5-2014 | Севиља | Шпанија | 2 – 0 | Боливија | Пријателска | - | ||
13-6-2014 | Салвадор | Шпанија | 1 – 5 | Холандија | СП 2014 - Прва фаза | - | ||
18-6-2014 | Рио де Жанеиро | Шпанија | 0 – 2 | Чиле | СП 2014 - Прва фаза | - | ||
4-9-2014 | Сен Дени | Франција | 1 – 0 | Шпанија | Пријателска | - | ||
18-11-2014 | Виго | Шпанија | 0 – 1 | Германија | Пријателска | - | ||
12-10-2015 | Киев | Украина | 0 – 1 | Шпанија | Квал. за Евро 2016 | - | ||
13-11-2015 | Аликанте | Шпанија | 2 – 0 | Англија | Пријателска | - | 82' | |
24-3-2016 | Удине | Италија | 1 – 1 | Шпанија | Пријателска | - | ||
29-5-2016 | Санкт Гален | Шпанија | 3 – 1 | Босна и Херцеговина | Пријателска | - | ||
1-6-2016 | Siezenheim | Шпанија | 6 – 1 | Јужна Кореја | Пријателска | - | 46' | |
17-6-2016 | Ница | Шпанија | 3 – 0 | Турција | Евро 2016 - Прва фаза | - | 81' | |
1-9-2016 | Брисел | Белгија | 0 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | 59' | |
15-11-2016 | Лондон | Англија | 2 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | ||
7-6-2017 | Мурсија | Шпанија | 2 – 2 | Колумбија | Пријателска | - | ||
9-10-2017 | Ерусалим | Израел | 0 – 1 | Шпанија | Квал. за СП 2018 | - | ||
27-3-2018 | Мадрид | Шпанија | 6 – 1 | Аргентина | Пријателска | - | 72' | |
3-6-2018 | Виљареал | Шпанија | 1 – 1 | Швајцарија | Пријателска | - | ||
11-9-2018 | Елче | Шпанија | 6 – 0 | Хрватска | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 75' | |
11-10-2018 | Кардиф | Велс | 1 – 4 | Шпанија | Пријателска | - | 63' | |
18-11-2018 | Лас Палмас | Шпанија | 1 – 0 | Босна и Херцеговина | Пријателска | - | 51' | |
23-6-2021 | Севиља | Словачка | 0 – 5 | Шпанија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 77' | |
28-6-2021 | Копенхаген | Хрватска | 3 – 5 прод. | Шпанија | Евро 2020 - Осминафинале | - | ||
Вкупно | Настапи | 27 | Голови | 1 |
Статистиката е ажурирана на 28 јуни 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2006-2007 | Осасуна Б | СДБ | 24 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 24 | 1 |
2007-2008 | СДБ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Осасуна Б | 27 | 1 | - | - | - | - | - | - | 27 | 1 | |||||
2006-2007 | Осасуна | ПД | 1 | 0 | КШ | 1 | 0 | КУ | 1 | 0 | - | - | - | 3 | 0 |
2007-2008 | ПД | 29 | 0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 0 | |
2008-2009 | ПД | 36 | 0 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 0 | |
2009-2010 | ПД | 33 | 0 | КШ | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 0 | |
Вкупно Осасуна | 99 | 0 | 8 | 0 | 1 | 0 | - | - | 108 | 0 | |||||
2010-2011 | О. Марсеј | Л1 | 15 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+1 | 0+1 | ЛШ | 4 | 0 | СФ | 1 | 0 | 21 | 1 |
2011-2012 | Л1 | 30 | 1 | КФ+ЛКФ | 3+3 | 0+0 | ЛШ | 8 | 0 | СФ | 0 | 0 | 44 | 1 | |
авг. 2012 | Л1 | 2 | 0 | КФ+ЛКФ | - | - | ЛЕ | 1[68] | 0 | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно О. Марсеј | 47 | 1 | 7 | 1 | 13 | 0 | 1 | 0 | 68 | 2 | |||||
2012-2013 | Челси | ПЛ | 27 | 0 | ФАКуп+ЛК | 5+5 | 0+0 | ЛШ+ЛЕ | 1+8 | 0+0 | КШ+СУ+Скп | 0+0+2 | 0+0+0 | 48 | 0 |
2013-2014 | ПЛ | 29 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+3 | 0+1 | ЛШ | 10 | 0 | СУ | 0 | 0 | 44 | 1 | |
2014-2015 | ПЛ | 29 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+5 | 0+0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | - | 40 | 0 | |
2015-2016 | ПЛ | 37 | 2 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 0+0 | ЛШ | 8 | 0 | КШ | 1 | 0 | 49 | 2 | |
2016-2017 | ПЛ | 38 | 1 | ФАКуп+ЛК | 6+3 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 47 | 2 | |
2017-2018 | ПЛ | 37 | 2 | ФАКуп+ЛК | 4+2 | 0+0 | ЛШ | 8 | 1 | КШ | 1 | 0 | 52 | 3 | |
2018-2019 | ПЛ | 38 | 1 | ФАКуп+ЛК | 3+6 | 0 | ЛЕ | 9 | 0 | КШ | 1 | 0 | 57 | 1 | |
2019-2020 | ПЛ | 36 | 2 | ФАКуп+ЛК | 5+0 | 0 | ЛШ | 7 | 2 | СУ | 1 | 0 | 49 | 4 | |
2020-2021 | ПЛ | 26 | 1 | ФАКуп+ЛК | 4+2 | 0 | ЛШ | 11 | 0 | - | - | - | 43 | 1 | |
Вкупно Челси | 297 | 9 | 60 | 2 | 66 | 3 | 6 | 0 | 429 | 14 | |||||
Вкупно во кариерата | 470 | 11 | 75 | 3 | 80 | 3 | 7 | 0 | 632 | 17 |
Репрезентација | Год. | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шпанија | 2013 | 4 | 0 |
2014 | 6 | 0 | |
2015 | 2 | 0 | |
2016 | 6 | 0 | |
2017 | 2 | 0 | |
2018 | 5 | 0 | |
2021 | 2 | 1 | |
Вкупно | 27 | 1 |
КлупскиМарсеј
Челси
РепрезентативниШпанија под 19 години
Шпанија под 21 година
|
Индивидуални
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.