Јакимово
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јакимово — село во Општина Виница во околината на градот Виница.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа 1,5 км под градот Виница, сместено помеѓу реките Брегалница и Осојница, на надморска височина од 385 м. Околината на селото е опфатена со оризни полиња. Со урбанизирањето на земјиштата и новградбите, Јакимово полека станува дел од градот Виница.
Историја
Според легендата селото го добило името по човекот Јоаким. Тој во летните периоди кога во селото немало вода, направил бунар. Со тоа ги снабдел селаните со вода и нарправил голема добрина на луѓето, па затоа било донесена одлука селото да го носи неговото име.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јакимово живееле 310 жители, од кои 260 Македонци и 50 Турци.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Јакимово живееле 215 жители, од кои 106 Македонци, 95 Турци и 14 Роми.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[4]
Турското население од Јакимово е иселено во Турција во 50-тите и 60-тите години на XX век.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.101 жител, од кои 1.088 Македонци, 10 Власи и 3 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 827 жители, од кои 647 Македонци, 2 Албанци, 11 Власи, 6 останати и 161 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Родови
Јакимово е македонско село, а имало и други народности во селото.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Ромски
- Фаик (1 к.) стар род во селото. Останат од турско време.
Влашки
- Ѓоргијови (1 к.) и Николови (2 к.) доселени се во 1923 година, а пред тоа биле номади на Плачковица и Осогово.
Македонски
- Алексови (2 к.) доселени се во турско време од селото Драгобраште.
- Јосиф (1 к.) и Јованчо (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Коле (1 к.), Циме (1 к.) и Маринко (1 к.) доселени се од селото Пресека
- Арсови (3 к.) доселени се од селото Грљани.
- Јордан (1 к.), Миткови (1 к.) и Сокол (1 к.) доселени се од селото Драгобраште.
- Клинчарови (3 к.), Мишеви (2 к.), Борис (1 к.) и Павле (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Фиданчо (1 к.) доселени се од селото Цера.
- Комарци (4 к.), Ѓоргијови (2 к.), Јаневи (2 к.) и Цано (1 к.) доселени се од селото Безиково.
- Алексови (4 к.) од Безиково се населиле во селото Црн Камен, па во Јакимово.
- Петрушеви (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.
- Арсови (1 к.) и Ристо (1 к.) доселени се од селото Црн Камен.
- Филипови (2 к.) и Ананија (1 к.) доселени се од селото Грљани.
- Тодосиеви (1 к.) доселени се од селото Милутинци кај Крива Паланка.
- Миркови (1 к.) доселени се од Кривопаланечко.
- Ѓоргеви или Пилаци (1 к.) и Стојко (1 к.) доселени се од Делчевско. Првите од Разловци, а вторите од Млаштица.
- Драгутин (1 к.) Драгутин по потекло бил од Куршумлија во Србија. Бил џандар во селото Цера. А потоа таму и се оженил. Па после Втората светска војна со семејството се населил во селото Јакимово.
Турски
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои изборното места бр. 320 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 953 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
На врвот на селото се наоѓа прекрасна црква посветена на св. Јоаким, која дава прегледна гледка на цела котлина. Црквата е познато туристичко одредиште, изградена во 2002 година на остатоци од поранешна црква.[11]
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Амбарица — населба од римското време. Во нивите на северниот крај на селото, на простор од околу 100 × 60 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл);
- Блатечки Пат — населба и некропола могили од римското време. На 2 км источно од селото, недалеку од утоката на Сушичка Река во Осојница, во нивите на Н. и Т. Арсови, со површина од околу 6-7 декара, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Сопствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети. Во западниот дел на наоѓалиштето се издига мало ритче, наречено Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето, во северниот крај, лежи уште една многу пооштетена могила, со пречник од околу 10 м. Наодите не се зачувани;
- Купелот — населба и могила од римското време. На 1 км западно од селото, на десниот брег на реката Осојница, во нивите на С. Стојанов се среќава множество фрагменти од керамички садови. При обработувањето на нивите, сопственикот наоѓал темели од ѕидови ѕидани со кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се констатирани и две помали могили оштетени во поголема мера;
- Селски Гробишта — средновековна некропола. Во југоисточниот дел на денешните гробишта, сместени во подножјето на ридот Баир, се гледаат гробни конструкции од средновековна некропола; и
- Ќерамидница — некропола од доцноримското време. Северозападно од селото има мала долинка низ која минува селскиот пат од селото Јакимово за селото Истибања. Според информациите од Ф. Трајчев, овде при градењето на шталата биле откопани повеќе гробови со конструкции од камени плочи.
Remove ads
Редовни настани
- 29.08. Свети Јоаким Осоговски, храмова и селска слава.[13]
- 19.01. Водици
Галерија
- 2006
- олтарот
- 2011
- 2011
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads