Арапски јазик

јазик From Wikipedia, the free encyclopedia

Арапски јазик
Remove ads

Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) ([alʕaraˈbijja] или ([ˈʕarabiː]) е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.

Кратки факти Арапски јазик, Изговор ...

Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е службен во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.

Remove ads

Арапскиот јазик и Исламот

Доста често арапскиот јазик се поврзува со Исламот. Класичниот арапски јазик е јазикот на кој е напишан Куранот. Сепак, важно е да се напомене дека јазикот не го зборуваат само муслимани, туку и арапски христијани, евреи и ирачки мандаејанци. Иако повеќето од муслиманите во светот не зборуваат арапски, односно не им е мајчин јазик, сепак добар дел од нив можат да го читаат Куранот.

Thumb
Географска распространетост на варијантите на арапскиот јазик според Ethnologue и други извори:
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads