Батинци

село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia

Батинциmap
Remove ads

Батинци — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото Батинци со планината Китка во позадината

Оваа населба, со голем пораст на населението, се наоѓа на територијата на Општината Студеничани, јужно од централното место Скопје, на оддалеченост од 14 км. Селото е сместено во долината на Маркова Река и е рамничарско на надморска височина од 280 метри.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 597,4 ха, на шумите отпаѓаат 134,8 ха, а на пасиштата само 41,5 ха. Селото, во однос на земјоделството, има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 14[3] христијански и 9 муслимански[4] домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 31 маж муслиман со 2 новороденчиња. Било забележано дека 5 мажи муслимани со своите семејства се тазе доселени. Се проценува дека селото во тој период имало 166 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 316 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Батинци живееле 144 жители, од кои 120 Албанци и 24 Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]

Во населбата се доселил значителен број муслимани од Санџак, така што селото, според бројот на населението, мошне се зголемило. Во 1961 година имало 845 жители, а во 1994 година 4.117 жители, од кои 2.135 Албанци, 306 Турци, 8 Роми, 1 Србин и 1.667 останати.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Батинци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 5.364 жители, од кои: 36 Македонци, 3.217 Албанци, 407 Турци, 2 Роми, 1 Србин, 1.660 Бошњаци и 41 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7.267 жители, од кои 17 Македонци, 4.473 Албанци, 616 Турци, 2 Власи, 2 Срби, 1.625 Бошњаци, 41 останат и 491 лице без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.

Родови

Батинци е мешано село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

Албански

  • Доселеници: Исовци (4 к.) доселени се од селото Драчевица. Таму имале роднини наречени Штека; Бајрамовци (9 к.) доселени се од селото Драчевица, а таму од областа Матија во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Арслан (жив на 25 г. во 1950 година) Атула-Зендел-Бајрам, кој се доселил; Нуровци (5 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија; Аметоски (4 к.) и Исеиноски (2 к.) доселени се од Тетовско. А таму од северна Албанија; Абдиловци (2 к.) доселени се од северна Албанија; Муслиовци (3 к.) доселени се околу 1935 година од Кумановско. А таму од северна Албанија; Џеладин (1 к.) доселени се од Тетовско; Абаз (1 к.) доселени се од селото Света Петка. Таму имале роднини наречени Аљиалар; Зеадиноски (1 к.) доселени се од селото Вртекица. Таму им биле роднини Дервише; Рушитоски (5 к.) и Саитоски (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Дресница. Таму се доселиле од селото Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.

Торбешки

Remove ads

Општествени установи

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads