Баштево

село во Општина Крива Паланка From Wikipedia, the free encyclopedia

Баштевоmap
Remove ads

Баштево — село во Општина Крива Паланка. Селото се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е дел од географската област Славиште.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Баштево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка и е од разбиен тип. Географски е дел од областа Славиште. Селото се наоѓа во подножјето на планината Герман на десниот брег на Баштевска Река. Јужно од селото се наоѓа селото Длабочица, источно е селото Габар, северно е Метежево, а западно е Општина Ранковце. Од градот Крива Паланка селото е оддалечено 16,5 км.

Историја

Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза на Отоманското Царство.

По Првата светска војна селото имало 489 жители[2].

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 300,2 ха, на пасиштата отпаѓаат 304,8 ха, а на шумите 71,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Конопница живееле 264 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мождивњак имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Населбата е мала, а со оглед на тоа дека некои маала се наполно раселени, и вкупниот број на населението се намалил. Така, во 1961 година селото броело 214 жители, а во 1994 година само 42 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото има население од 13 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Баштево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Баштево се: Вргинци (3 куќи) староседелци; Риѓани (10 куќи) и Ѓоринци (5 куќи) потекнуваат од двајца браќа Стојан и Ѓоре, доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Во родот Риѓани се знае следното родословие: Наско (жив на 70 г. во 1973 година) Јаќим-Павле-Атанас-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Грамадчани (4 куќи) доселени се однекаде; Попиќевци (2 куќи) исто така доселени се однекаде; Качаровци (1 куќа) и они не знаат од кај се доселени; Аџици (1 куќа) доселени се однекаде; Брајановци (3 куќи) најмлад род во селото, доселени се од соседното село Петралица.[13]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Remove ads

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1953 година:

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads