Благој Јанушев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Благој Јанушев
Remove ads

Благој Јанушев, родено име Благој Ристов Јанушев (Прждево, 25 март 1920Војница, 16 декември 1942) — истакнат македонски партизан и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Член во народната ослободителна армија на Македонија и комунистичката партија на Југославија. еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во Битката кај Војничка пештера тој храбро и трагично бил убиен од страна на бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.

Кратки факти Благој Јанушев, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Произлегува од сиромашна работничка фамилија во селото Прждево, Неготинско. Таткото на Јанушев, Ристо Јанушев, работел како железничар со сиромашни услови. Завршил основно училишно образование со високи оценки во неговото родно село. Со неговиот голем успех се запишал во велешката гимназија, еден од најстарите гимназии во регионот Македонија и најстарата гимназија во денешна Македонија. За време на неговото средно училишно образование во Велес тој почнал да се ориентира кон социјализмот и комунизмот. Заради неговите дејства и ставови во 1940 година, кога бил 20 години, го примиле во Сојуз на комунистичката младина на Југославија, истата година станал член во комунистичката партија на Југославија.[1]

Приклучување во НОБ

Thumb
Споменик за сите учесници во народната ослободителна борба од селото Прждево којшто загинале или преживеале. Во споменикот за тие којшто загинале првото име е Благој Јанушев.

Со распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Благој Јанушев продолжил да се приклучил во народното ослободително движење. Тој не ја почитувал суровата ксенофобиска бугарска фашистичка окупација и во март 1942 година бил еден од организаторите заедно со Благој Кирков за велешкиот гимназиски штрајк против бугарските фашистичките окупатори. Главната причина зошто го организирале штрајкот е заради тоа што биле против користењето на бугарскиот јазик како службен јазик во велешката гимназија.[2] Заради нивниот штрајк биле прогонувани од велешката гимназија по наредба од бугарските окупатори.[1][3]

Во пролетта на 1942 година бугарските фашистички окупатори побарале Јанушев да служил во бугарската армија како дел од воениот рок но тој одлучил да избегне и да се приклучи во народната ослободителната армија на Македонија. Во септември 1942 година, тој заедно со група на гимназијалци од велешката гимназија се приклучуваат во втората чета на новоформираниот народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“.[4][5][6] Учествувал во нападот на селото Војница во 14 септември 1942 година, за време на нападот селото било ослободено за кратко време. Тој учествувал во борбените дејства во теренот Раец. Откако бугарската војска почнале да го бараат тој за кратко време се исклучил од одредот и избегнал во неговото родно село Прждево, останал таму за неколку недели и после патувал кон Тиквешија, каде што повторно се приклучил во одредот.[1]

Во ноември 1942 година повторно се приклучил во воените дејства и учествувал во борбени битки кај Дреновци, после патувал кон клисурата Пешти и стигнале блиску до реката Бабуна во велешко. Биле повторно откриени од страна на бугарските фашистички окупатори и избегнале во селото Војница, и влегле внатре во една пештера. Во 16 декември 1942 година кога биле во пештерата биле откриени од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во Битката кај Војничка пештера. За време на битката Благој Јанушев храбро и трагично загинал. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во костурницата заедно со Кочо Рацин, Димче Мирчев и многумина други истакнати велешки партизани. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес.[1][7] По негова чест неколку улици во Велес и Прждево го носат неговото име.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads