Џиро д’Италија 2012

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џиро д’Италија 2012
Remove ads

Џиро д’Италија 2012 било 95. издание на Џиро д’Италија. Оваа година започнала во данскиот град Хернинг,[1] а завршила во Милано. Целосната рута на Џиро д’Италија 2012 била објавена во средината на октомври. По првпат од изданието во 2007 немало да има планински хронометар. Бојата на маичката за планинскиот пласман била променета за овогодишното издание од зелена во сина. Потегот дошол, како знак на добра волја за спонзорот Банка Медиоланум, која ја продолжила соработката со Џиро во делот на планинскиот пласман во наредните четири години.[2]

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката била освоена од канадскиот велосипедист Рајдер Хесједал од Гармин-Баракуда,[3] станувајќи прв возач од неговата држава, кој освоил Гранд Тур трка; тој исто така станал само втор возач, кој ја презел водечката маичка од друг возач на последниот ден, по Франческо Мозер во 1984.[4] Хесједал го освоил генералниот пласман со 16 секунди пред неговиот соперник Хоаким Родригес од Шпанија, претставувајќи ја Катјуша – најблиска разлика помеѓу победникот и вицешампион откога Еди Меркс го победил Џанбатиста Барончели за 12 секунди во изданието од 1974[5] – кој исто така освоил две етапи и бодовниот пласман,[6] победувајќи го спринтерот од Тим Скај Марк Кевендиш за еден бод. Третото место му припаднало на возачот на Вакансолел-ДКМ Томас де Гент од Белгија, откако се покажал особено силен на последните две етапи на трки; ја освоил кралската етапа на трката, завршувајќи на највисоката точка на рутата, на Пасо дело Стелвио и исто така завршил во првите пет на хронометарот.[7] Со тоа, тој добил значително време да се помести од деветтото на третото место на овие етапи, станувајќи првиот белгиски возач, кој зазел подиум на Гранд Тур по Јохан Брујнел, кој завршил трет на Вуелта а Еспања 1995.[8]

Во другите пласмани на трката, возачот на Тим Скај Ригоберто Уран од Колумбија, завршил како најдобар возач со возраст 25 или помалку во пласманот за млад возач,[9] завршувајќи како седми во крајниот пласман; планинскиот пласман бил освоен од Италијанецот Матео Работини од екипата Фарнезе Вини-Селе Италија, постигнувајќи речиси двојно повеќе бодови од најблискиот конкурент во пласманот. Работини бил единствениот Италијанец, кој се искачил на подиум, бидејќи по првпат од 1995,[10] ниеден италијански возач на завршил во првите тројца во генералниот пласман, па така возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони – шампионот од минатата година – успеал да го заземе само четвртото место.

Remove ads

Фаворити пред почетокот

Победникот од 2011 Алберто Контадор добил двегодишна суспензија на 6 февруари за допинг во текот на Тур де Франс 2010 и затоа нема да учествува на Џиро. Иван Басо, победник на Џиро во 2006 и 2010, објавил на 13 ноември 2011, дека ќе цели кон трета розова маичка.[11] Во интервју, холандскиот специјалист за искачување Роберт Гесинк изјавил дека сака да вози на Џиро 2012, како подготовка за Тур де Франс.[12]

Јохан Брујнел, менаџер на новата споена екипа помеѓу Леопард-Трек и Тим Радиошек, изјавил дека ќе биде тешко за трикратниот вицешампион Енди Шлек и неговиот брат Френк Шлек за победа на Тур де Франс 2012, поради недостигот на поминати километри. Затоа, можно е еден од браќата да цели кон Џиро д’Италија.[13] На 19 ноември 2011, Френк првично објавил дека браќата Шлек нема да настапат на Џиро и дека ќе се насочат кон Тур де Франс, и покрај многуте хронометри.[14] На крај, на 29 април 2012, било објавено дека Френк Шлек ќе го замени повредениот Јакоб Фуглсанг, како екипен водач на трката.[15]

На 17 април, Микеле Скарпони, победник на изданието во 2011 по суспензијата на Контадор, објавил дека сака да го освои Џиро преку етапите, а не со суспензија на друг возач.[16] Скарпони ќе соработува со неговиот колега и победникот на Џиро д’Италија 2004, Дамијано Кунего. Кунего ќе цели кон висок пласман на Џиро и ќе го избегне Тур де Франс 2012, поради големиот број на хронометри.[17]

Други возачи кои се сметаат како главни кандидати за освојувачи на генералниот пласман се Џон Гадре од Аг2р Ла Мондијал (трет во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011), победникот на пласманот за млад возач во 2011 Роман Кројцигер од Астана, Хоаким Родригес од Катјуша (четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011) и венецуелскиот специјалист за искачување Хосе Рухано од екипата Андрони Џокатоли.

Remove ads

Екипи

Thumb
Екипна презентација на Џиро д’Италија 2012 во Хернинг.

Сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да учествуваат. Дополнителни четири континентални екипи биле повикани во јануари 2012,[18] Целосниот список на екипи, кои учествуваат е:

  • Андрони Џокатоли-Венецуела
  • Колнаго-ЦСФ Бардијани
  • Фарнезе Вини-Селе Италија
  • Тим НетАп
Remove ads

Рута и етапи

Првите три етапи биле најавени на 5 октомври 2011, додека преостанатите биле објавени на 16 октомври.[19][20] На 18 април 2012, било објавено дека текот на етапата 12, Серавеца до Сестри Леванте ќе биде изменет, поради лизгање на земјиштето на крајбрежниот пат низ Синке Тере, кој останал неупотреблив од 25 октомври минатата година. Новото растојание на етапата ќе биде 155 километри.[21]

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Пласмани

На Џиро д’Италија 2012 биле наградувани четири различни маички. За генералниот пласман се пресметувале завршните времиња на секој возач по секоја етапа и одредени бонус секунди на првите тројца возачи на крајот на етапата на сите етапи, освен хронометрите и оние кои завршувале на планини. Во овој пласман се носела розовата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Џиро д’Италија и победникот бил сметан како победник на целокупната трка.[23]

Дополнително, постоел и бодовниот пласман, на кој се доделувала црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови, доколку завршеле во првите 15 возачи на крајот на етапата. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата немала никаков ефект во бројот на бодовите - секоја етапа имала еднаков расположлив број на бодови. Победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку за секое место понатаму, сè до последниот еден бод за 15. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средните спринтови.[23]

Исто така, постоел и планински пласман, водството во овој пласман било одбележано со сината маичка. Маичката била зелена откако започнала да се доделува, но со промената на спонзорот, бојата на маичката се променила во сина. Во планинскиот пласман, бодовите се добивале со доаѓањето меѓу првите возачи на некое искачување. Секое искачување било различно категоризирано; имало вкупно четири категории на искачувања. Чима Копи, највисоката точка на трката, носел повеќе бодови од другите искачувања од прва категорија.[23]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, одбележана со белата боја. Овој пласман се пресметува како генералниот пласман, но учествуваат само возачи кои биле родени по 1 јануари 1986.[23]

Исто така, постоеле и два пласмани за екипите. Во Трофејот Брза Екипа, се пресметувале времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време; Трофејот Супер Екипа бил екипниот бодовен пласман, со најдобрите 20 најдобро пласирани возачи на секоја етапа по бројот на бодови (20 за првото место, 19 за второто, итн., сè до последниот еден бод за 20.) за нивната екипа.[23]

Колоните во следната табела се однесуваат на маичките, кои се доделувани по завршувањето на етапата.

Повеќе информации Етапа, Победник ...
Remove ads

Поредок

Повеќе информации Легенда ...

Генерален пласман

Повеќе информации Возач, Екипа ...

Бодовен пласман

Повеќе информации Возач, Екипа ...

Планински пласман

Повеќе информации Возач, Екипа ...

Пласман за млад возач

Повеќе информации Возач, Екипа ...

Трофеј Брза Екипа

Повеќе информации Место, Екипа ...

Трофеј Супер Екипа

Повеќе информации Место, Екипа ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads