1282

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1282 (MCCLXXXII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1282 година од новата ера, 282. од вториот милениум, 82. од XIII век и трета од 1280-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6790 и 6791 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6032 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5042 и 5043 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2035.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1282 година се протега во 3918 и 3919, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3978 и 3979 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1825. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 680 и 681 исламска година.

Remove ads

Настани

По област

Европа

  • март - Давид III ап Грифид, брат на Принцот од Велс, Ливелин III ап Грифид, ја напаѓа Англија. Неговиот брат се чувствува принуден да го поддржи, и покрај тоа што е неподготвен за војна. Нивните постапки доведуваат до конечното освојување на англиски Велс, од страна на кралот Едвард I.
  • 30 март - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сѐ уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
  • 15 мај - Битката во Форли помеѓу Гвелфи и гибелини
  • Јуни - Армијата на Петар III Арагонски се наоѓа во Северна Африка за поддршка на бунтовниот гувернер на Константин, Ибн Вазир[1].
  • 26 јуни - Кралот Денис Португалски се венча со Елизабета Арагонска.
  • 30 август - Петар III Арагонски, кој првично патува со својата флота во воена експедиција против Тунис, завршува во сицилијанскиот град Трапани, откако му било побарано од жителите на Палермо да помогне во борбата против Карло I Анжујски.
  • 4 септември - Петар III Арагонски станува крал на Сицилија.
  • 11 декември - Битка кај Орвински мост воВелс: Ливелин III ап Грифид е убиен.
  • Декември - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
  • Битката на Вронен: Флорис V ја поразува Фризија.
  • Кралот Стефан Драгутин ја крши ногата додека лови и се разболува; тој го предава престолот на неговиот помлад брат Стефан Милутин.
  • Кралот Петар III Арагонски, добива поддршка од Насридска Гранада во време кога Франција на чело со Филип IV Убавиот се подготвува за Арагонска крстоносна војна[2].
Remove ads

Родени

Thumb
Лудвиг IV

Починале

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads