Винце
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Винце — село во Општина Куманово, на 3 км од левиот брег на реката Пчиња на западното подножје на Градиштанската Планина.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Винце се наоѓа на 13 километри од Куманово и на 30 километри од Скопје на надморска висина од 494 метри. Селото има поволна местоположба бидејќи на 2,5 километри од селото поминува реката Пчиња и во близина на селото се наоѓа ловиштето Градманци кое е богато со дивеч исто така селото е поврзано со асфалтен пат со Скопје и со земјен пат со Куманово.
Историја
Подрачјето на Винце е населено уште од доцната антика, за што сведочат наоѓалиштата во неговиот атар.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Во минатото жителите на селото се занимавале главно со земјоделство садење на различни житни култури, зеленчук но и со садење на тутун и памук интересно е тоа што селото Винце е последното село во Македонија каде што е регистриран засаден памук и тоа во далечната 1974[3] исто така значајно е да се напомене и да се забележи дека сите семејства од селото имаат лозја пред влезот на селото.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 48 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 196 мажи христијани, со 21 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 434 жители.[4]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 599 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 Македонци.[6]
На почетокот на XX век поточно во 1900 г. во селото се регистрирани 588 жители, во 1905 г. во селото има 688 жители но најмногу население во селото е регистрирано во 1952 г. со дури 1.500 жители. Според пописот од 1994 г. во Винце има 112 Македонци и 1 Србин. Во 2002 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 30 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Винце е македонско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:
- Староседелци: Баба Цветинци (5 к.), Баба Јаглинци (4 к.), Вучевци (16 к.), Јанковци (5 к.), Ѓорчевци (9 к.), Гачевци (1 к.), Ушлевци (1 к.), Златевци (9 к.), Оџевци (9 к.), Пепеларци (2 к.), Чурлинци (4 к.), Чолевци (3 к.) и Прстенковци (6 к.)
- Доселеници: Пиперковци (11 к.) доселени се од селотоПиперово. Го знаат следното родословие: Цветко (жив на 80 г. во 1952 година) Петруш-Димчо-Атанаско-Трајан-Јован, кој се доселил во селото; Домазетовци (16 к.) потекнуваат од предокот Петко, он се доселил како домазет од селото Довезенце; Милевци (4 к.) доселени се од Лопате или Опае; Лојанци (17 к.) доселени се од селото Лојане. Го знаат следното родословие: Новко (жив на 80 г. во 1952 година) Божин-Паун, понатамошните предци не ги знаат; Граѓановци (7 к.) доселени се од Куманово, по тоа го добиле името; Рибарци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари. И таму биле доселени однекаде; Пашинци (6 к.) доселени се од селото Стањевци, Овче Поле. Основачот на родот дошол како домазет во родот Пашинци (биле староседелци); Рашинци (3 к.) доселени се од селото Орашац; Коцевци (2 к.) и Стојчевци (6 к.) доселени се однекаде. Основачот на првиот род (Трајан) дошол како слуга.[13]
Remove ads
Општествени установи
Во селото постојат 5 манастири и 1 црква — „Св. Никола“. Црквата над селото веднаш до старата византиска чешма е посветена на овој светец.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Во селото како најголема знаменитост се смета старата црква Свети Никола која е една од најстарите во Кумановскиот регион исто така во и околу селото има 5 манастирчиња кои се стари, важно и интересно е да се каже дека околу пределот на селото на разни места постојат камени крстови кои според кажувањата на мештаните ја обележуваат територијата на селото. Друга знаменитост по кое е познато селото е по Византиската чешма која потекнува уште од Византиско време и се наоѓа веднаш до црквата Свети Никола освен за снабдување со свежа пивка вода чешмата во минатото се користела за напојување на добитокот (во десните четири мрамори) и перење на алишта и јамболлии (левите четири мрамори).
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[2]
Редовни настани
- Божиќно пилкање
Како и во сите краишта на Македонија, вечерта спроти Божиќ целото семејство се собира на таканаречената бадна вечера. Во Винце, во рамките на обредите кои се вршат околу бадната вечера (богомолства, горење на бадниково дрво и благослови за бериќет), постои обичај при кој им се делат ореви на сите и се запејува песната "Тропав ми, тропав ораси, мамо"[мртва врска]. Пред делењето на оревите и седнувањето на софрата, мажите, на јарем кој е поставен на прозорецот, палат свеќа и му се молат на Бога. Потоа, најстарата жена наречена куќница почнува да имитира квачка за која се фаќаат и останатите деца како пилиња и се вртат трипати околу куќниот дирек или столб. Обредот продолжува со палењето на бадниковото дрво во куќното огниште, кое гори додека се вечера и така горејќи треба да го дочека утрото, односно Божиќ.
Личности
Спорт и разонода
Поради постоење на дивеч, селото е дел од Ловиштето бр. 9, односно Градманци, во состав на Скопско-кумановското ловностопанско подрачје, реон Скопје, со правец на протегање север - југ, источно од реката Пчиња. Северно се протега од Винце, а на југ оди до село Ветерско. Градманци зафаќа вкупна површина од 10.760 хектари, со намена за одгледување, заштита и ловење на ситен дивеч, како носечки ловностопански вид.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Верски објекти
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Дренче — населба од доцноантичко време;
- Јазбина — населба од доцноантичко време;
- Кале - Врбица — тврдина од средниот век;
- Леска — населба од средниот век; и
- Црквиште — викус од доцноантичко време и црква од средниот век.
Иселеништво
Галерија
- Црквата „Св. Никола“
- Македонски лав во дворот на црквата „Св. Никола“
- Старото селско училиште
- Византиската чешма во Винце
- Стара куќа
- Поглед на Винце и Градиштанската планина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads