Житинени

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Житинениmap
Remove ads

Житинени — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти

Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Житинени е населено уште од доцната антика и средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 261,2 хектари, на шумите отпаѓаат 178,2 хектари, а на обработливото земјиште 114 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 38 жители муслимани (Македонци).[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Житинени живееле 232 жители, сите Македонци муслимани.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Во 1961 година, во Житинени имало 224 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 536 жители, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Житинени броело 537 жители, од кои 536 Турци и 1 Албанец.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 258 жители, од кои 1 Македонец, 224 Турци и 33 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Житинени е торбешко село.[15]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Македонски муслимански родови:
    • Староседелци: Имеровци (5 к.), Мијединовци (1 к.), Цаневци, Дурмишовци (10 к.), Бастријовци (6 к.), Идризовци (4 к.), Мифтаровци (3 к.), Алијовци и Ибраимовци (1 к.).
    • Доселеници: Куртовци (9 к.), доселени се на самиот почеток на XIX век од селото Коџаџик, потеклото им е турско. Но овде кога дошле одма се измешале со Торбешите, и сега го зборуваат само македонскиот јазик. Помеѓу житиненските родови има приличен број на домазети од селото Долени во близина на Пешкопеја.
  • Македонски православни родови:
    • Доселеници: Зајекаровци (1 к.), доселени се околу 1898 година од селото Броштица и Новковци (1 к.), потекнуваат од предокот Новко кој се доселил околу 1846 година од околината на Воден во Егејска Македонија.

Иселеништво

Од македонското православно население има голем број на иселеници во Софија, Смедерево, Сер, Скопје (во населбата Ѓорче Петров), Дебар, Лом, Пловдив, Битола, Кавадарци.[15]

Од торбешкото население до 1954 година иселеници има во Турција (30 семејства), и тоа во Бергама (27 семејства), Босќој крај Бергама, Бурса, потоа во Чаушли близу Дојран, Казандол близу Валандово, Мокриево и Чепели близу Струмица.[15]

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешна амбуланта

Самоуправа и политика

Thumb
Главната селска џамија

Кон крајот на XIX век, Житинени било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0565 според Државната изборна комисија, сместено во простории на деловен објект.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 491 гласач.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 510 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Манастир — средновековна населба, црква и некропола;
  • Црков — средновековна некропола; и
  • Чифлик — доцноантичка и средновековна населба.
Џамии[19]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads