Шилка (планина)

планина во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шилка (планина)map
Remove ads

Шилка[1][2] или Свети Тодор Планина (грчки: Ταρτάνα или Άγιο Πνεύμα, Агио Пневма) — планина во Драмско, Егејска Македонија, дел од Драмски Боздаг.[3]

Кратки факти Шилка, Највисока точка ...
Thumb
Топографска карта на подрачјето
Remove ads

Опис

Планината е сместена во северозападниот дел на Драмско. На исток е издвоена од главнината на Драмски Боздаг со Волачкиот Превој (990 м) и реката Каменица, притока на Места. На север низ Ливадичкиот Превој, селото Ливадишта и реката Милорема се граничи со планината Бесленски Рид. На југ е одвоен од планинскиот масив Штудер со реката Калина (Ѓуреџичка Река, Ружденска Река, Ксиропотамос) и Ѓуреџичкиот Превој (Ружденски Превој, 820 м). На запад доаѓа до Зрновско Поле (540 м).[3]

Реката Бела Вода ја дели на северен и јужен дел.

Карпите на планината се кристални варовници и мермер.[3]

Европската пешачка патека Е6, која врви Долно Броди - Старчишта - Куманич - Зрново, ја пресекува Шилка кон Волак. До врвот се стасува или од Зрново (570 м) или од Волак (820 м) по Е6 за околу 4 часа.[3]

Remove ads

Потекло на името

Според Јордан Иванов, името доаѓа од поимот шило, веројатно поради обликот на врвот.[4]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads