Икона (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Икона или Блато — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1,2 км источно од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани, југоисточно од Кутлина. Претставува заоблена тумба, обрасната со борова шума, со зарамнето плато на чија средина стои исправена плоча од бигор со димензии од 1.75 × 0.70 × 0.20 м. На средината од плочата што е свртена кон запад има изделкан рамнокрак крст со должина и ширина од 0.23 м, а на другата, свртена кон исток, во горната половина има издлабена четвртеста ниша со димензии од 0.26 × о.22 × 0.07 см. Плочата овде е секундарно употребена, а сигурно била дел од гробна конструкција. Претпоставката е дека на тумбата всушност се протега некропола која веројатно била врзана за населбата на наоѓалиштето Кутлина.[1]
Remove ads
Поврзано
- Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време;
- Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време;
- Гладница — населба од доцноантичкото време;
- Горица — населба од развиеното средновековие;
- Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време;
- Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век;
- Грамаѓе — некропола од железното време;
- Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола;
- Калуѓерица — раносредновековна некропола;
- Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното, железното време, и раносредновековна некропола;
- Манастириште — средновековен сакрален комплекс;
- Оџа Бавча — раносредновековна некропола;
- Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време;
- Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време;
- Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време;
- Писан Камен — некропола од железното време;
- Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век;
- Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век;
- Селце — населба од развиеното средновековие;
- Скала — раносредновековна населба и некропола;
- Скала — топилница од доцноантичкото време;
- Средна Горица — ранословенска некропола;
- Црквиште — раносредновековна црква и некропола;
- Шивлица — раносредновековна црква;
- Велмеј;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads