Скала (средновековно археолошко наоѓалиште во Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Не го поистоветувајте со античкото наоѓалиште во Велмеј, Скала
Скала — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна населба и некропола. Претставува ритче оддалечено околу 5 км јужно од селото, кое се издига јужно од патот Лешани-Брежани. На падината северно и западно од овој пат се забележуваат групи од бигорни камења кои најверојатно претставуваат гробови. По површината има фрагментирана средновековна керамика и фрагменти од железна згура. Во северозападниот дел на долината Скала, на околу 100 м западно под споменатиот пат се забележуваат остатоци од растурена гробница со насоченост исток-запад, долга 3 м, широка 2 м и со ширина на зачуваниот ѕид 60 см. На околу 30–40 м источно од гробницата површината обилува со градбена и покривна керамика. Скала денес е идентификуван и со наоѓалиштето Српница.[1]
Remove ads
Поврзано
- Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време;
- Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време;
- Гладница — населба од доцноантичкото време;
- Горица — населба од развиеното средновековие;
- Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време;
- Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век;
- Грамаѓе — некропола од железното време;
- Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола;
- Икона - Блато — раносредновековна некропола;
- Калуѓерица — раносредновековна некропола;
- Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време и раносредновековна некропола;
- Манастириште — средновековен сакрален комплекс;
- Оџа Бавча — раносредновековна некропола;
- Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време;
- Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време;
- Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време;
- Писан Камен — некропола од железното време;
- Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век;
- Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век;
- Селце — населба од развиеното средновековие;
- Скала — топилница од доцноантичкото време;
- Средна Горица — ранословенска некропола;
- Црквиште — раносредновековна црква и некропола;
- Шивлица — раносредновековна црква;
- Велмеј;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads