Четирце

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Четирцеmap
Remove ads

Четирце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Се наоѓа на 5 км од српско-македонската граница , на надморска височина од 360 метри. Околни села се Табановце, Горно Коњаре, Сушево.

Историја

Според една легенда името настанало уште од старо време кога на тоа место се наоѓале само четири куќи.

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Населението се занимава со земјоделство. Доста значаен придонес донесува ретко добриот градежен камен со висок квалитет.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Четирце живееле 420 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Четирце имало 500 жители Македонци од кои 276 патријаршисти и 224 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото работеле српско и бугарско училиште.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 249 жители, од кои 215 Срби и 34 Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 31 Македонец, 94 Срби, 2 останати и 38 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Четирце е православно мешано село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Во маалото село се родовите: Ивковци (7 к.), Рушкини (3 к.), Калчини (3 к.) и Сматрини (3 к.) они потекнуваат од првите четири домаќинства кои го основале селото, тоа било околу 1810 година. Они претходно живееле на местото Старо Село, кое лежело на границата помеѓу селата Четирце и Карабичане; Давидовци (15 к.) доселени се од Давидовац кај Врање; Стојчинци (6 к.) доселени се однекаде.
  • Во посебни маала се родовите: Љубановци (20 к.), Амалинци (8 к.) и Величковци (3 к.) гранка се од родот Давидовци; Тасинци (20 к.) потекнуваат од првобитните четири домаќинства кои го основале селото. Во овој род имало некој домазет Ром; Стојчинци (7 к.) гранка се од истоимениот род во маалото Село; Скачкулинци (13 к.) доселени се од селото Скачковце; Коњаровци (3 к.) доселени се од Коњари во Скопско; Делинци (8 к.) доселени се од селото Карабичане; Матејчанци (11 к.) доселени се од селото Матејче.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Личности родени во Четирце:

Култура и спорт

Иселеништво

Родот Шоповци се иселил во селото Миладиновци кај Скопје. Јаневи (1 к.), Лубе (1 к.) и Славко (1 к.) се иселиле во селото Долно Коњаре. По Втората светска војна населението почнало масовно да се иселува по градовите во желба да успеат во животот.[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads