Аеродром (населба)
населба во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аеродром — населба во истоимената Општина Аеродром.
Remove ads
Географија
Населбата граничи со населбите Мичурин на запад, Острово на северозапад, 13 Ноември на север, Јане Сандански на североисток, Ново Лисиче, Реонски Центар на исток и Лисиче на југоисток.
Историја
Заднина

Населбата го добила своето име по старата местоположба на аеродромот „Скопје“ основан во 1920-тите, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.
Настанок

Населбата настанала по Скопскиот земјотрес во 1963 година. По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму била сместена т.н. шаторска населба Аеродром-Вардар наменета за настраданите во земјотресот. Тој камп бил најголемото и најдобро организираното згрижувалиште во Општина Кисела Вода. Кампот во почетокот сместил 700 лица, а потоа бројката пораснала на 4,970 настрадани. Местоположбата на кампот била во близина на цивилниот аеродром. Оваа шаторска населба почнала да биде уредувана на 26 јули во 9 часот и попладнето била готова. Истиот ден почна да биде делена топла храна. Потоа за поголемите семејства биле подигнати бараки. Тука биле сместени жителите на Маџир Маало, Пролет и Ново Маало. Потоа шаторската населба била преселена во Мичурин, поточно во дворот на училиштето „Владимир Назор“.[1]
21 век
Со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година, била создадена Општина Аеродром чија територија претходно припаѓала во Општина Кисела Вода. Во неа биле вклучени сите населени места (вклучително и населбата Аеродром) кои се наоѓале северно од пругата Скопје-Велес.
Remove ads
Демографија
Според пописот од 2002, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Самоуправа и политика
Избирачко место
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 6.052 жители, каде 49% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 18% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[5]
Remove ads
Образование
Средни училишта
Основни училишта
Културни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ - изградена во 1997 година;
- Црква „Св. Петка“ - црква-параклис;
Аеродром како мотив во уметноста
- „Бисер и Три бисери“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[6]
Галерија
- Висококатница во Аеродром
- Воените кули во населбата Аеродром
- Мотив од населбата Аеродром
- Мотив од населбата Аеродром
- Мотив од населбата Аеродром
- Мотив од населбата Аеродром
- Булеварот Васко Карангелески
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads