Општина Башибос

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Башибос
Remove ads

Општина Башибос, именувана и како Месен народен одбор Башибос ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Башибос за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дорломбос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.[1]

1915-1918

Општина Башибос продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Дојранската Околија, Струмички Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС, Општина Башибос постоела се до нејзиното укинување на сметка на соседната и проширена Општина Дојран.

1945-1955

Месниот народен одбор Башибос бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.[3] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално останал со истите шест населени места.[4] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос немал територијални промени.[5] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Башибос била проширена на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Севендекли со неговите села Дурутли, Севендекли и Џумабос.[6] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Башибос била укината и нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Валандово која ги добила селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, и проширената Општина Дојран која ги добила Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.[7]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Башибос имала 2,401 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дорломбос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Севендекли, Органџали и Џумабос.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Башибос имала 1,944 жители. Според верската припадност, 58 биле православни, додека 1,886 биле муслимани. Според јазичната припадност, 59 биле Срби/Хрвати, додека 1,885 биле Турци.[8][б 1]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Башибос имал 1,175 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Од таа бројка, 1174 биле Турци, додека 1 бил Македонец.[9]

Според пописот од 1953 година, Општина Башибос имала 1,993 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[10][11]

Народност Вкупно
Македонци 5
Турци 1,984
Останати несловени 4
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads