Општина Вранештица

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Вранештица
Remove ads

Општина Вранештица — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Вранештица. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба во 2013 г. кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.

Општина Вранештица
денес дел од Општина Кичево

Thumb

Местоположба на поранешната Општина Вранештица.
Thumb Thumb
Знаме Грб
Општи податоци
СедиштеВранештица
Регион Југозападен
Површина109,13 км2
Основана2004
Службен јазикмакедонски и турски јазик
Демографија
Население1.322 жит.
- проценка од 31.12.20111.254 жит.
Густина12,11 жит./км2
Населени места
НародностиМакедонци и Турци
Самоуправа
ГрадоначалникВанчо Србаковски (последен градоначалник)
Совет9 члена
Контактни податоци
Мреж. местоСлужбен портал
Thumb
Карта на општина Вранештица (2004-2013) со селските атари.

Територијата на Општина Вранештица е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово на југ и запад, Општина Кичево на запад, Општина Македонски Брод и Општина Осломеј на север и Општина Македонски Брод и Општина Пласница на исток.

Remove ads

Географија

Општина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 109.13 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.

Стопанство

Вранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.

Иселеништво

Населените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.

Демографија

Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:

етникум број процент
Македонци* 1.033 78.14%
Турци* 276 20.88%
Албанци 10 0.76%
Срби 2 0.15%
други 1 0.07%
* Во општината има Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:

јазик број
македонски 1.068
албански 10
турски 239
српски 2
бошњачки 2
други 1

Религија на населението според пописот од 2002 година:

религија број
православие 1.033
ислам 287
други 2
Remove ads

Администрација и политика

Последен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината.

Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци.

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

  • Св. Антониј - археолошко наоѓалиште, населба од бронзеното време[5]
  • Градиште - средновековна населба и некропола;
  • Кале - утврдување од доцноантичкото време;
  • Св. Ѓорѓи - црква и некропола од доцниот среден век;
  • Св. Илија - црква и некропола од доцниот среден век;

Личности

  • Петар Илиевски — македонски јазичар и академик.
  • Тома Николов — македонски свештеник.
  • Ванчо Србаков — македонски револуционер
  • Димо Калевски — македонски револуционер
  • Евгени Попсимеонов — македонски револуционер
  • Никола Трајков — македонски револуционер
  • Софрониј Пречистански — македонски духовник
  • Трајко Ковачев — македонски револуционер
  • Христо Србаков — македонски револуционер
  • Јане Скаев — македонски револуционер
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads