Патец

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Патецmap
Remove ads

Патец (се сретнува и како Патаец или Патеец) — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Етимологија

Името на селото се претпоставува дека дошло од тоа што основачите на селото, доселени од Косово биле многу „напатени“.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во Патец

Селото се наоѓа во областа Рабетинкол, во крајниот источен дел на Кичевската Котлина и на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.027 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри.[3] Сместено е помеѓу планините Добра Вода и Песјак. Воедно, сите неколку истакнати врва на планината Песјак се наоѓаат во самиот атар на селото, Коњарник (1.876 м.), Седлар (1.772 м.) и највисокиот врв Јошков Камен (1.917 м.).

Селото е мало и изразено планинско, сместено на југозападната падина на Песјак. Низ него тече Патејчка Река, лева притока на Рабетинска Река. Најблиско село е Козичино, од каде доаѓа и единствениот пат.[2] Патот до него е земјен и е во лоша состојба.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Камја, Средореци, Ветрушка, Врата, Филипов Камен, Рамјон Камен, Јелоарник, Седлар, Уши, Бољја Река, Јошков Камен, Талеј Ливади, Долна Кула, Мачкин Камен, Рајкова Ливада, Газнитор, Одарник, Крепана, Скала, Дабовец, Крс, Ракида, Црквиште, Стрмец и Рудница.[2]

Патец е издолжено во насока исток-запад и од збиен тип. Постојат две маала, Горно и Долно, кои се јасно издвоени.[4]

Remove ads

Историја

Се претпоставува дека селото било создадено на почетокот на XIX век од доселеници од Косово.[2]

Југоисточно и далеку од селото, на планината Песјак, се наоѓа месноста Црквиште. Се верува дека таму се наоѓала црквата „Св. Преображение“, бидејќи мештаните оделе на тој ден таму. Местото го посетувале и селани од другите села. На Црквиште се забележуваат само слаби остатоци од старини, а има и камен за кој се верува дека има отпечатоци од копитото на коњот на Крале Марко.[2]

Во XIX век, Патец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во 1903 година, селото било запалено. Тогаш била водена борба со Турците на врвот Коњарник, источно од селото.[2] Врвот Јошков Камен го добил своето име во 1923 година кога покрај тој камен арбанашкиот качак Сеадин од Зајас го убил селанецот Јошко од Козичино.[2]

Стопанство

Thumb
Сокак низ селото
Thumb
Поглед во селото

Атарот зафаќа простор од 7,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 378 хектари, на пасиштата отпаѓаат 245 хектари, а на обработливото земјиште 124 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Во минатото селото ги користело планинските пасишта и ниви на Песјак, каде чувале овци.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 8 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Патец имало 96 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Патец имало 128 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Патеец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Селото е мало и е населено со македонско население. Истото е доведено во фаза на наполно раселување. Во 1961 година броело 100 жители, а во 1994 година само 10 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Патец живееле 8 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Селото Патец е населено со православни Македонци. Сите родови во селото се доселенички.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Горно Маало: Трајановци (4 к.), Аврамовци (2 к.) и Тодоровци (1 к.), потекнуваат од основачот на родот, доселени се од некое село во Косово;
  • Долно Маало: Богдановци (4 к.), доселени се од селото Зрзе, и тие се доселени почетокот на XIX век, го знаат следното родословие: Венко (жив на 70 г. во 1961 година) -Никола-Мијајле-Богдан, основачот на родот кој се доселил; Николовци (2 к.) доселени се од селото Црвена Вода во Дебрца, предокот кој дошол во местото на старина бил овчар и таму убил некој човек, па затоа пребегнал во Патец, каде станал домазет во родот Богдановци и Радевци (2 к.) не го знаат местото од каде се доселени.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[4]

  • Староседелци: Трпковци (3 к.) и Деспотовци (8 к.), потекнуваат од браќата Трпко и Деспот;
  • Доселеници: Богдановци (1 к.), доселени се од Зрзе или Маргари кај Прилеп.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Патец, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Патец во периодот 1950-1952 се наоѓало во некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0808 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом во селото Козичино.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“
Цркви[18]
Реки[19]

Редовни настани

Слави

Личности

Родени во или со потекло од Патец

Иселеништво

Родот Габевци (10 к.) се иселил во селото Зрзе. Од ова село исто така има иселеници и на други места, пред сè во Кичево и Белград.[2]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads