Сара Џесика Паркер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сара Џесика Паркер (англиски: Sarah Jessica Parker; родена 25 март 1965 ) — американска глумица и продуцентка, со портфолио на настапи на телевизија, филм и театар.[1][2] Позната е по својата улога како Кери Бредшо новинар во весник, на рубриката за секс во телевизискиот серијал на HBO Сексот и Градот (1998–2004); улога за која освои 4 Златни глобуси и 2 Еми награди. Ликот кој го глумела бил многу популарен за време на емитувањето на серијата, а подоцна добил признание за еден од најдобрите женски ликови на американската телевизија. Ликот на Кери Бредшо го глумела и во филмовите Сексот и градот (2008) и Сексот и градот 2 (2010), како и во новата серија И само така... (2021–сега).
Паркер, првиот настап на Бродвеј го имала на 11-годишна возраст во драмата „Невините“, а потоа во 1979 година ја глумела главната улога во Бродвејскиот мјузикл Ени. Нејзините први поголеми филмски улоги ги имала во 1984 година во драма-филмовите Безгрижен и Првороден. Глумела и во: LA Story (1991), Меден месец во Вегас (1992), Хокус Покус (1993), Ед Вуд (1994), Клубот на првите жени (1996), Семејството Стоун (2005), Слушнавте ли за Морганови? (2009), Новогодишна ноќ (2011) и Хокус Покус 2 (2022).
Remove ads
Животопис
Детство и младост
Паркер е родена во Нелсонвил, Охајо, како ќерка на Барбара, која била оператор и учителка во градинката, и Стивен Паркер кој бил претприемач и новинар.[3][4] Татко ѝ бил родум од Бруклин и бил Евреин,[5][6][7][8] со оригинално семејно презиме „Баркан“ (син на коен).[9] Паркер за себе кажала „Јас секогаш се сметав себеси за Еврејка“.[9] Нејзините родители се развеле кога таа била мала, а мајка ѝ се премажила за Пол Форст.[10] Паркер пораснала со мајка си, очувот и седумте полубраќа и сестри. Како мало девојче, таа вежбала пеење и балет[9] и набргу добила улога во „Невините“ во продукција на Бродвеј.[11] Нејзиното семејство се преселило во Синсинати, Охајо, а потоа во Добс Фери, Њујорк, каде што Паркер ја развивала својата кариера како дете глумец. Во 1977 година, семејството се преселило во новоотворената општина на Рузвелт Ајленд, на Ист Ривер меѓу Менхетен и Квинс, а потоа се преселиле и во самиот Менхетен. Нејзините родители подоцна се преселиле во Инглвуд, Њу Џерси каде што таа одела во средното училиште Двајт Мороу.[12]
Паркер одела во училиштето за креативна уметност и настап,[13] во училиштето на американскиот балет[14] и училиштето за деца-професионалци,[14] а подоцна во средното училиште Холивуд во Лос Анџелес.[15]
1974–1997: Почетоци на кариерата и први улоги
Таа и четирите полубраќа се појавиле во театарската претстава „Звукот на музиката“ во Сент Луис, Мисури,[16] а подоцна Паркер заминала во новиот мјузикл на Бродвеј „Ени“ од 1977 до 1981. На почетокот ја имала малата улога на Џули, а потоа ги достигнала Андре Мекардл и Шели Брус со главната улога на храброто сираче од времето на Депресијата, во времетраење од една година дена почнувајќи од 6 март 1979.
Во 1982, Паркер ја добила споредната улога во серијата Сквер Пигс на CBS телевизијата. Серијат траела само година дена пред да биде повлечена од мрежата, но изведбата на Паркер од страна на критичарите била добро оцената. Во следните три години таа играла во четири филма од кои најзначани биле Футлуз во 1985, во кој играла и Хелен Хант. Во истата година започнала врска со глумецот Роберт Дауни Џуниор, кого го сретнала на снимањето на филмот Првородениот. Со него живеела до 1991. Во текот на врската Дауни имал проблем со дрогата, а Паркер дала коментар: „Мислам дека јас бев личноста што го држела прибран“.[17]
Во 1991 таа се појавила во споредна улога во романтичната комедија Приказна од Лос Анџелес. И таа и филмот добиле позитивни критики.[11] Наредната година таа одиграла значајна улога во инаку добро прифатениот филм Меден месец во Вегас, во кој играл и Николас Кејџ. Во 1993 година филмот Хокус Покус имал поголема заработка, но нејзината улога добила негативни критики. Следната година таа се појавила во филмот Рапсодија во Мајами со кој се вратила на позната територија со примеси на комедија и тоа во главна улога. Таа се појавила во уште еден филм на режисерот Тим Бартон Марс Напаѓа!, Клубот на првите жени и Содржината на оганот, од 1996, во кој повторно ја одиграла својата театарска улога од 1991.

Во 1997 таа се појавила како Франческа Ленфилд, пропадната бивша дете-актер во комедијата Додека ти беше тука.
1998–2004: Сексот и градот
Сценариото за серијата Сексот и градот, драма и комедија во продукција на HBO, ѝ било испратено на Паркер. Креатотот на серијата Дарен Стар била одлучна да ја земе Паркер во серијата. И покрај сомнежите да прифати телевизиска улога на подолг период, Паркер се согласила. Првата сезона од серијата се покажа како огромен успех, издигајќи ја Паркер на повисок статус. И покрај зголемената провокативност во серијата, Паркер цврсто останала на клаузата од својот договор – без голотија во текот на сите шест сезони од серијата. Таа стана и продуцент на серијата почнувајќи од третата сезона. Во 2004 Паркер освои Еми награда за својата главна улога (после пет неуспеси). Многу кладилници престанале да земаат облози за нејзината Еми победа, бидејќи било општоприфатено мислењето дека таа треба да ја освои наградата. Оттогаш Паркер изјавила дека никогаш нема да игра во телевизиска серија иако ќе се појави како ко-продуцент во новата серија на HBO, заснована на Вашингтон, но нема да се појави во истата.
2004–2015: Понатамошни филмски улоги
Откако заврши Сексот и градот во 2004, се ширеа гласини за филмска верзија. Беше откриено дека сценариото за тој проект е завршено. Како и да е Паркер коментираше дека тој никогаш нема да се реализира. Но, две години подоцна подготовките за филмот започнале и HBO во моментот се во преговори со извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг и екипата од Сексот и градот вклучувајќи ја и Паркер за реализирање на игран филм под истото име.
Покрај нејзината работа на филмот и телевизијата, Паркер е и почитувана театарска глумица, која ја одиграла одлично критикуваната главна улога во бродвејската претстава Силвија, покрај својот маж Метју Бродерик во претставата „Како да успееш во бизнисот без многу да се трудиш“. Номинирана е за наградата Тони за улогата во „Си беше еднаш еден душек како принцезата Виниферд Вобегон“. Во декември 2005 по неколку години Паркер се појавила во својот прв театарски филм Семејниот камен.[18][19] За таа улога беше номинирана за Златен глобус во категоријата најдобра глумица во комедија . Нејзиниот следен филм, романтична комедија „Неуспешно лансирање“ во која играше до Метју Меконахи беше прикажан на 10 март 2006. Филмот беше на првото место во северноамериканските билетари со заработка од 24 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето[20] и покрај средните оцени на критичарите.[21] Нејзината работа како продуцент продолжи со независниот филм „Вртеќи се во путер“ заснован на драмата на Ребека Гилман, чие прикажување е закажано за 2006 во кој и таа ќе се појави.[22] Нејзиниот последен потврден проект е Слемер. Музичка комедија која се случува во затвор, режирана од Адам Шенкмен и треба да биде прикажан во 2007. Улогата на затворен издавач кој иницира затворски мјузикл ќе ја врати Паркер на нејзините музички корени, кои допрва треба да бидат истражени во нејзината работа на телевизијата и филмот. Паркер беше дел од глумечката екипа во филмот Одмор, заедно со нејзиниот колега од филмот Семеен камен, Лук Вилсон, но ја откажала улогата поради подобрите понуди што ги добивала. Улогата ја доби Кејт Бекинсејл.
Личен стил
Паркер стана многу влијателна во светот на модата. Во 2005 таа беше домаќин на MTV филмските награди и се пресоблече дури 15 пати во текот на шоуто. Таа стана заштитно лице на многу од светските модни брендови со својата работа и низ многу рекламни кампањи. Паркер потпиша неверојатно добро платен договор со Гарниер. Таа се појави и во нивните реклами на телевизијата и во печатот, промовирајќи ги Нутрис производите за коса. Во 2004 таа започна меѓународна кампања за Геп, но нејзиниот договор со овој гигант во светот на облеката беше наеднаш раскинат во пролетта 2005, во корист на британската соул пејачка Џос Стоун. Еден нејзин пријател за печатот коментираше: „Нејзината пролеттна кампања за Геп само што започна и да се објави нејзината смена во истата недела кога излегуваат новите реклами е малку невкусно“. Како додаток на нејината работа во рекламирањето е и излегувањето на нејзиниот сопствен парфем во 2005 со име Прекрасна-невина пародија во самото себе. Во март 2007 Паркер лансираше своја модна линија со име Гризнато, во партнерство со ланецот на облека Стив и Бери која се продава по дисконтни цени. Линијата која содржи стотици парчиња облека и додатоци, сите по цена помала од 20 долари беше лансирана на 7 јуни 2007, искучиво во продавниците на Стив и Бери. Во јуни 2007 по огромниот успех на Прекрасна, Паркер го пушти во продожба својот втор парфем Ковет.
Личен живот
Откако нејзината кариера продолжи цути во 90-тите, таа го запозна новинарот Џон Кенеди Џуниор и се забавуваше со него неколку месеци.[23] Пред тоа таа беше во сериозна врска со Роберт Дауни Џуниор. Таа беше поврзана и со кантавторот Џошуа Кадисон во раните 90-ти, кој нивната бурна врска и нивната мачка Мојсеј ги опиша во песната Џеси од албумот Обоена пустинска серенада. На 19 мај 1997 година таа се омажи со Метју Бродерик со кога ја запознал нејзиниот брат.[24] Двојката се венчала со општинска церемонија во историската синагога на Лоцер Ист Сајд во Менхетен, која веќе не се користи како свето место.[25][26] И двајцата се сметаат за Евреи од културолошки аспект. Нивното прво дете, синот Џејмс Вилки Бродерик се роди на 28 октомври 2002.[27][28] Бил крстен по таткото на Бродерик, истакантиот ирско-американски глумец Џејмс Бродерик. Бидејќи Паркер силно ги поддржува јавните училишта, советниците за избор на училиште се нестрпливи да видат дали Паркер ќе го одржи ветувањето дадено во 2004, дека Џејмс Вилки ќе влезе во јавните школски системи во 2007-та кога ќе наполни пет години. Паркер и Бродерик живеат во Њујорк и се постојани посетители на настаните од уметноста.
Паркер е истакнат член на Холивудскиот женски политички Комитет и претставник на УНИЦЕФ за уметнички настани.Во 2006 патуваше во Либија како амбасадор на УНИЦЕФ, при што коментираше: „Ова е место кое добива малку или никакво внимание, па ние ќе се обидеме да го свртиме вниманието“. Во моментот е амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ за САД. Од 2007 живее во Њујорк со својот сопруг и син.
Remove ads
Награди
- 2005: Номинација: Најдобра глумечка изведба во Филм: Мјузикал или Комедија - Семејниот камен
- 2005: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2004: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2002: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2001: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2000: Добитник: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 1999: Номинација: Најдобра глумечка изведба во тв серија: Мјузикал или Комедија - Сексот и Градот
- 2004: Добитник: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот[31]
- 2004: Номинација: Извонредна комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2003: Номинација: Извонредна комедија - Сексот и Градот
- 2002: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2002: Номинација: Извонредна комедија - Сексот и Градот
- 2001: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 2001: Добитник: Извонредна комедија - Сексот и Градот
- 2000: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
- 1999: Номинација: Главна глумечка улога во комедија - Сексот и Градот
Remove ads
Филмографија
Година | Наслов | Улога | Белешки |
1982 | Square Pegs | Patty Greene | |
1983 | Somewhere Tomorrow | Lori Anderson | |
1984 | Footloose | Rusty | |
1985 | Girls Just Want to Have Fun | Janey Glenn | |
1986 | A Year in the Life | Kay Erickson (The "Free Spirited" girl) | |
Flight of the Navigator | Carolyn McAdams | ||
1991 | L.A. Story | SanDeE* | |
1992 | Honeymoon in Vegas | Betsy/Donna | |
1993 | Striking Distance | Jo Christman/Det. Emily Harper | |
Hocus Pocus | Sarah Sanderson | ||
1994 | Ed Wood | Dolores Fuller | |
1995 | Miami Rhapsody | Gwyn Marcus | |
1996 | Mars Attacks! | Nathalie Lake | |
If Lucy Fell | Lucy Ackerman | ||
The First Wives Club | Shelly Stewart | ||
1997 | 'Til There Was You | Francesca Lanfield | |
1998 | Sex and the City | Carrie Bradshaw | 6 сезони |
1999 | Dudley Do-Right | Nell Fenwick | |
2000 | State and Main | Claire Wellesley | |
2001 | Life Without Dick | Colleen Gibson | |
2005 | The Family Stone | Meredith Morton | |
2006 | Strangers with Candy | Peggy Callas | |
Failure to Launch | Paula | ||
2007 | Spinning Into Butter | Sarah Daniels | |
2008 | Smart People | Janet Hartigan | |
Sex and the City: The Movie | Carrie Bradshaw | ||
2009 | Did You Hear About The Morgans? | Meryl Morgan | |
2010 | Sex and the City 2 | Carrie Bradshaw-Preston | Се снима |
Надворешни врски
- Биографија Архивирано на 9 јули 2008 г. на Во глумецското студио
- Максима ја именува за "Пет најсекси живи глумици " Архивирано на 8 декември 2007 г. на Максима
- Биографија на Плакат
- Биографија на Сексот и градот' Архивирано на 19 септември 2018 г.
- Архива на оригинални Сексот и градот новинарки колумни Архивирано на 29 јануари 2008 г.
- Сара Џесика Паркер го праќа синот во јавно училиште Архивирано на 15 октомври 2007 г.
- "Прекрасна-Невина" страница за парфеми
- "Ковет" страница за парфеми Архивирано на 23 декември 2008 г.
Интервју
- „Живот по утрешниот ден“ 2006
- ЊуЈорк Новости интервју, 8 март 2006
- BBC Интервју (декември 2005)
- FemaleFirst.uk интервју (13 декември 2005)
- Темни хоризонти интервју Архивирано на 17 февруари 2006 г. (8 декември 2005)
- Сара Џесика паркер интервју Архивирано на 6 септември 2009 г.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads