Северноледен Океан
најмалиот, најплиткиот и најсеверниот океан на светот From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Северноледен Океан или Арктички Океан, Северно Поларно Море, Северен Морски Пат — океан северно од Европа, Азија, Северна Америка и островот Гренланд. Се простира околу Северниот Пол и има површина од околу 14 милиони км2, средна длабочина од преку 1,200 m.

Remove ads
Мориња
Во Северноледениот Океан спаѓаат следните мориња:
Преку Норвешкото Море, Северноледениот Океан е во контакт со Атлантскиот Океан, а преку Беринговиот Премин и Беринговото Море со Тихиот Океан. Поголеми острови во овој океан се Гренланд, Бафинова Земја, Елзмир, Викторија, Шпицбершки Острови, Нова Земја, Земјата на Франц Јосиф, Северна Земја, Новосибирск, Врангеловиот Остров и други.
Денес овој океан има големо сообраќајно значење поради северниот морски пат, кој води од пристаништата Мурманск и Архангелск до Владивосток (од 1933) и поморската линија меѓу Атлантикот Океан и Хадсоновото Море.
Во областа на океанот се наоѓаат важни подрачја на арктичкиот риболов, китолов, лов на тулјани, моржови и сл. Во сливот на океанот припаѓаат големите сибирски реки Об, Енисеј и Лена, како и европските Печора и Северна Двина, а северноамериканска значајна река која припаѓа на овој слив е Мекензи.
Remove ads
Галерија
- Островите Земја на Франц Јосиф се дел од Ледениот Океан.
- Островот Бјернеја, еден од норвешките острови во Ледениот Океан.
Поврзано
![]() | Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads