Соња Михајлова
македонска театарска, филмска и телевизиска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соња Михајлова (р. 14 октомври 1958 во Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1983 година, дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје, на отсекот за Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, и истата година се вработила во Народен театар - Битола каде останала сè до нејзиното пензионирање во 2022 година.
Remove ads
Филмографија
Михајлова ги остварила филмските улоги:[1]
| Година | Филм | Улога | 
| 1972 | Табакерата ТВ-филм | Девојчето | 
| 1982 | Јужна патека ТВ-филм | |
| 1985 | Бушава азбука ТВ-серија | |
| 1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Пејачка | 
| 1987 | Девојките на Марко ТВ-серија | Милка | 
| 1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | |
| 1989 | Еурека ТВ-серија | Марта | 
| 1994 | Прекалени ТВ-серија | Митра Миладинова | 
| 2000 | Северо источно од југозапад ТВ-филм | Професорката | 
| 2000 | Што сонува кучето ТВ-филм | Пензионерката | 
| 2007 | Сенки ТВ-филм | Комшивка | 
| 2008 | Збогум Румелија ТВ-серија | Селанка | 
| 2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 2013 | Тврдокорни ТВ-серија | Марија | 
| 2014 | До балчак ТВ-филм | Перачката | 
| 2015 | Лимоната ТВ-филм | Нимет | 
| 2015-2016 | Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија | |
| 2016 | Обожение ТВ-филм | Продавачката | 
| 2022 | Кајмак ТВ-филм | Благица | 
| 2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Госпоѓа Колендиќ | 
| 2025 | Мајка ТВ-филм | Мајката | 
| 2025 | Скејтборд не е за девојки ТВ-филм | Работничка | 
| 2026 | Збогум, Копакабано ТВ-филм | 
Remove ads
Награди
- 1985 - Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп[2]
 - 1986 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот на Сандра Заум во претставата „Магна карта“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“[2]
 - 1993 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот Цвета во претставата „Балканот не е мртов“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп[3]
 - 1995 - Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп[2][3]
 - 2004 - Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант во претставата „Горчливите солзи на П. фон Кант“ од Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Деан Дамјановски, а во изведба на Битолскиот народен театар[2][3]
 - 2007 - Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога, за улогата на Голде во претставата „Свирач на покривот“, доделена за време на фестивалот „Охридско лето“[2]
 - 2016 - Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на 17. Фестивал на античка драма „Стоби“[4]
 - 2025: Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
 
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads