Безвучна преднонепчена странична слеана согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Безвучната преднонепчена странична слеана согласка е вид на ретка согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨c͡ʎ̥˔⟩ или ⟨c͡⟩.

Кратки факти Безвучна преднонепчена странична слеана согласка, c͡ʎ̝̥ ...

Особености

Безвучната преднонепчена странична слеана согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е слеан, што значи дека воздушниот тек најпрвин целосно се запира, а потоа се спроведува по стеснет провод на местото на творба, создавајќи бурно струење.
  • Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads

Јазици

Гласот се јавува во јазикот хаѕа (во Танзанија) и, како преднонепчена странична исфрлена слеана согласка, во јазикот дахало (во Кенија).

Повеќе информации Јазик, Збор ...


Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место  Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
 По начин Двоуснени Уснено-забни Забни Венечни Задно-венеч. Свиени Предно-непчени Заднонепчени Ресични Голтнички Надгласилни Гласилни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я*
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „левдесен“ претставува „безвучназвучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads