Тим Веленс

белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Тим Веленс
Remove ads

Тим Веленс (холандски: Tim Wellens; р. 10 мај 1991 ) — белгиски професионален друмски велосипедист и поранешен планински велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Тој е син на поранешниот професионален велосипедист Лео Веленс и внук на велосипедистите Пол и Јохан Веленс.[2]

Remove ads

Кариера

Thumb
Веленс (во средина) во текот на последната етапа на Тур Даун Андер 2013

Веленс се натпреварува како професионалец од средината на сезоната 2012,[3] придружувајќи ѝ се на екипата Лото-Белисол по три сезони со нивната развојна екипа.

2012

Веленс го направил неговото деби со екипата на ГП Хосе Дибоа, каде завршил осми; подоцна се појавил на прва трка од Светската турнеја, преку настап на канадските трки во Квебек и Монтреал обидувајќи се да отиде во бегство на секоја од овие трки.[4][5] Веленс се покажал добро во последната трка од сезоната Трка околу Пекинг, завршувајќи на сите етапи во првите 25 - заземајќи го петтото место на последната етапа – и стигнувајќи до десеттото место во генералниот пласман,[6][7] и втор зад возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Рафал Мајка во пласманот за млад возач.[8]

2014

Thumb
Веленс на Џиро д’Италија 2014

Во август 2014 година, Велес го освоил генералниот пласман и шестата етапа на трката Енеко Тур.[9] Времето кое го освоил на етапата му ја донело победата на целата трка.

2015

Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10]

На шестата етапа на Енеко Тур 2015, Веленс нападнал при што добил девет секунди во спринтот на златниот километар. Главната група не успеала да го достигне Веленс и го зголемил водството; ја освоил етапата со 49 секунди предност пред Ван Авермат, додека Гешке завршил трет. Веленс се искачил во генералниот пласман, на 1 минута и 3 секунди пред Ван Авермат.[11] Веленс го одбранил водството на последната етапа и ја освоил трката втора година по ред.

2016

На Џиро д’Италија 2016, Веленс ја освоил шестата етапа по приклучувањето на успешното бегство на етапата.

Во јули 2016 година, Веленс ја освоил петтата етапа на Трка околу Полска 2016 со соло-бегство на дождлива етапа на која 85 возачи се откажале.[12] Тоа му дало предност од над 4 минути во генералниот пласман, кое успеал да го одбрани до крајот на трката.

2017

Веленс ја напуштил петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017 поради жештина и алергија од полен, која одбивал да ја лечи со ТУЕ.[13] И покрај тоа што има астма Веленс одбива да користи инхалатор, поради што го критикувал Крис Фрум во неговиот случај за салбутамол.

2018

Веленс ја остварил својата прва победа во 2018 година на Трофео Сера де Трамунтана, што го освоил втора година по ред.[14]

На Рута дел Сол 2018, Веленс ја освоил четвртата етапа и го преземал водството во генералниот пласман победувајќи го Микел Ланда на калдрмисаното искачување.[15]

2020

Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[16] Освоил две етапи на трката и завршил втор зад Гијом Мартен во планинскиот пласман.[17][18]

2021

Во февруари 2021 година ја освоил третата етапа на Етоал де Бесеж и завршил прв во генералниот пласман.[19]

Remove ads

Достигнувања

2008
1. Национално јуниорско крос-кантри првенство
4. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
2009
2. Краен пласман Трка околу Истра
1. Етапа 1
3. Краен пласман Џорни Оробика
5. Национално јуниорско друмско првенство
5. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
1. Етапа 4
2010
7. Краен пласман Тур де По де Савоја
2011
5. Национално друмско првенство под 23 години
5. Краен пласман Тур де По де Савоја
2012
2. Краен пласман Тоскана-Копа деле Национи
2. Краен пласман Вуелта а Навара
4. Сиркут де Валони
8. Краен пласман Сиркут де Ардени
1. Пласман за млад возач
8. ГП Жозе Дибоа
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Краен пласман Трка околу Пекинг
2013
8. Краен пласман Тур де Валони
2014
1. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 6
2. Краен пласман Стер Електротур
2. Национално хронометарско првенство
4. Џиро ди Ломбардија
6. ГП Западна Франција
2015
1. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 6
1. ГП Монтреал
2. Трофео Сера де Трамунтана
10. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
10. Краен пласман Париз-Ница
2016
1. Краен пласман Трка околу Полска
1. Планински пласман
1. Пласман на средни спринтови
1. Етапа 5
1. Етапа 7 Париз-Ница
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
2. Национално друмско првенство
10. Трофео Сера де Трамунтана
10. Амстел Голд Рејс
2017
1. Краен пласман Трка околу Гуангси
1. Етапа 4
1. Гран при де Валони
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Трофео Поленка-Порт де Андрат
1. Етапа 5 Вуелта а Андалусија
2. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 6
3. Страде Бјанке
4. Брабантсе Пејл
5. ГП Квебек
9. ГП Џеф Схеренс
2018
1. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 2
1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 4
1. Брабантсе Пејл
1. Трофео Сера де Трамунтана
1. Етапа 4 Џиро д’Италија
3. Краен пласман БинкБенк Тур
3. Класик Бретања
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Бодовен пласман
5. Џиро ди Ломбардија
6. Амстел Голд Рејс
7. Флеш Валон
7. Трофео Љосета-Андрат
2019
1. Трофео Сера де Трамунтана
2. Трофео Андрат-Љосета
3. Краен пласман БинкБенк Тур
1. Етапа 4
3. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3 (ITT)
3. Омлоп Хет Ниусблад
3. Брабантсе Пејл
4. ГП Монтреал
5. Тофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
8. Класик Бретања
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3 (ITT)
9. ГП Квебек
10. Страде Бјанке
10. Тре Вали Варезине
Награда за борбеност на етапите 3 и 6 на Тур де Франс
2020
Вуелта а Еспања
1. Етапа 5
1. Етапа 14
4. Краен пласман Трка околу Луксембург
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
2021
1. Краен пласман Етоал де Бесеж
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Бенелукс
6. Краен пласман Трка околу Полска
6. Гран при Ла Марсејез
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
2022
1. Трофео Сера де Трамунтана
2. Краен пласман Тур де Алпс-Маритим ет ди Вар
1. Етапа 2
2. Краен пласман Трка околу Белгија
2. Класика Хаен
4. Трофео Калвија
8. Страде Бјанке
8. Трофео Поленса-Порт д’Андрат
9. Брабантсе Пејл
9. Јапонски куп

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

Распоред на резултатите на класици

Повеќе информации Монумент, Милано-Санремо ...

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads