Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2022

108. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2022
Remove ads

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2022 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 24 април 2020 година како 17. настан во сезоната на Светската турнеја.

Кратки факти

Трката била освоена од Ремко Евенепул.[1]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[3]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)ProTeams (7)
Remove ads

Поредок

Завршен пласман

[4]

Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...


Remove ads

Преглед

Победникот од 2021 година, Тадеј Погачар се повлекол од трката еден ден пред трката поради семејни работи,[5] со што коментаторите и возачите изјавиле дека трката сега ќе биде поотворена.[6] Рутата од 257,2 километри од Лиеж до Лиеж била слична на претходните изданија,[7] со клучна разлика на исклучување на Кот де Форж по тешките поплави во јули 2021 година.[8]

Светскиот првак Жилијан Алафилип и пет други возачи биле повредени во голем пад на околу 60 километри до целта.[9] На 30 километри до целта, Ремко Евенепул од Квик-Степ Алфа Винил Тим нападнал на Кот де Ла Редут и сам возел во последните 14 километри за победа во Лиеж, освојувајќи ја трката за 48 секунди.[1] Местата на подиум биле одлучени во спринтерска завршница, каде Квинтен Херманс го поразил Ваут ван Ерт за второто место.[1]

Список на учесници

Почетен состав
Повеќе информации ОАЕ ЕмиратиUAD, Судал Квик-СтепQST ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads