Милано-Санремо 2017

издание 2017 на италијанската велосипедска трка Милано-Санремо From Wikipedia, the free encyclopedia

Милано-Санремо 2017
Remove ads

Милано-Санремо 2017 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 18 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Кратки факти

Откако се одвоиле на завршното искачување на трката — Поџо ди Санремо — возачот на Тим Скај, Михал Квјатковски, ја освоил трката во спринт од тројца пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип.[3]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[5][6]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)
Remove ads

Рута

Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.[7]

Рутата за 2017 била долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо.[8] Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино, иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.[9]

Remove ads

Поредок

Завршен пласман

[10][11]


Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads