Турје

село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Турјеmap
Remove ads

Турје — село во Општина Дебрца, недалеку од патот Кичево - Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Не е јасно сосема од каде е името на селото, според некои претпоставки можно е да го добило бидејќи еднаш било турено (рушено).[2][3]

Географија и местоположба

Thumb
Панорама на Турје (дел)

Селото Турје се наоѓа во областа Дебрца, на северните падини на Илинска Планина. Селото е оддалечено 33 километри јужно од Кичево и 40 километри северно од Охрид. Атарот на селото Турје граничи со атарите на селата Сливово на југозапад, Мраморец на југ, Козица на исток, Свињиште, Брждани и Јудово на исток, североисток и север, и Малкоец на северозапад.[2] Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Подпеш, Добра Вода, Чешма, Изворче, Неговиште, Пепелкојца, Миајлев Дол, Касапница, Карџаној Падини, Коловоз, итн.[3]

Thumb
Споменик на загинатите борци од Илинденското востание и од НОБ, 1976
Remove ads

Историја

Thumb
Спомен-чешма на погинатите борци и жртви од НОВ (1964)

Турје е многу старо село, за првпат се спомнува под името Турје во 1582 година и спаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебрца. Селото еднаш пропаднало па го обновиле родови кои живееле во месноста Касапница, тоа било во ХVIII век.[3] За време на Илинденското востание селото дало доста борци, па така од одмазда Турците го запалиле селото, и запалиле 64 куќи. Селото било запалено до темел и во текот на Втората светска војна, а од балистите биле стрелани 4 жители.

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства со 110 жители христијани (Македонци).[4]

Thumb
Спомен-чешма на погинатите борци и жртви од НОВ (1964)

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Турје живееле 320 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Турје имало 456 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Турје е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 43 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Турје живеат 17 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Поголемиот број родови во селото се староседелски, кон крајот на ХVIII век родовите се поместиле од месноста наречена Касапница, која лежела западно од денешната местоположба на селото.

Родови во селото се: Трпчевци (6 к.), Андреевци (5 к.), Николовци (4 к.), Тодоровци (3 к.), Стефановци (2 к.), Тунтевци (2 к.), Здравевци (2 к.) и Војневци (1 к.) староседелски родови, кои живееле во месноста Касапница, во родот Трпчевци се знае следното родословие: Стојмир (жив на 67 г. во 1980 година) Богоја-Ѓорче-Митре-Ристе-Трпче, основачот на родот кој се поместил од месноста Касапница кон крајот на XVIII век, целосно се иселени староседелските родови Дебељаковци и Таневци; Корџановци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Корча (во Албанија), го знаат следното родословие: Сандре (жив на 70 г. во 1980 година) Костадин-Јоан-Трпе, основачот на родот кој се доселил во првата половина на XIX век; Петревци (1 к.) доселени се од селото Издеглавје.[3]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година родови во селото се:

  • Староседелци: Николовци (11 куќи) живеат во маалото Ореше, и слават Св. Никола летен или Пантелеј; Тунтевци или Јовевци (3 куќи) живеат во Ореше, слават Св. Никола; Смутревци (4 куќи) се делат на Здравевци (3 куќи) и Алексијевци (1 куќа) Здравевци живеат во Маало Трпчевци, додека Алексијевци во Смутревци, слават Св. Никола; Алексовци (7 куќи), Грујовци или Панаѓијовци (1 куќа) и Андревци (9 куќи) се еден род, и живеат по целото село, и сите слават Св. Никола; Трпчевци (10 куќи) живеат во своето Маало Трпчевско, 9 куќи, а 1 куќа живее во Крајчевско Маало; Шукдуровци (2 куќи), Антиловци или Поповци (2 куќи), Муринковци (2 к.) и Богдановци (2 к.) живеат во Трпчевско и Крајчевско Маало, и слават Св. Никола зимен; Радичовци (9 куќи) се делат на Стефановци (3 куќи), Пидуровци или Настовци (2 куќи) и на Кисковци (4 куќи) живеат во своето Радичовско Маало, и слават Св. Никола летен; Крајчевци (13 куќи) се делат на Војневци (1 куќа), Дебељаковци (4 куќи), Марковци (2 куќи), Таневци (3 куќи), Илијовци (1 куќа) и Новевци (2 куќи) живеат во своето Крајчевско Маало, и слават Св. Никола зимен.
  • Со непозната старина се: Дуковци (1 куќа) некои ги сметаат за староседелци.
  • Доселеници: Корџановци (3 куќи) доселени се од некое село кај Корча, Албанија во 1880 година. Живеат во Смутревско Маало, и слават Св. Никола; Јолевци (2 куќи) доселени се 1908 година од Издеглавје, подалечно потекло имаат од некое место Уљуф во Голо Брдо, денес во Албанија. Живеат во Крајчевско Маало, слават Св. Никола летен.[2]
Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1331 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15]

Општествени установи

Thumb
Св. Богородица во Турје
Thumb
Икона на олтарот во црквата Св. Богородица (Турје)
Thumb
Олтарна икона во црквата Св. Богородица (Турје)
Thumb
Гробиштата во селото Турје

Личности

Родени во Турје

Потекло

Remove ads

Иселеништво

Од крајот на 1950-тите години миграциите од селото се исклучиво во градовите, селото Другово и прекуокеанските земји.

Иселеници највеќе има во Кичево (15 куќи), Охрид (10 куќи), Битола (10 куќи) и Скопје (10куќи). Други иселеници има во Струга, Прилеп, Тетово, Гостивар, како и во Австралија.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads