Список на фараони

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Список на фараони
Remove ads

Оваа статија содржи список на фараони на Стариот Египет, од ранодинастичкиот период пред 3000 п.н.е. па сѐ до крајот на Птолемаидската династија, кога Египет станал римска провинција под водство на Октавијан Август во 30 п.н.е.

Thumb
Типичен приказ на фараон.

Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената.

Remove ads

Архаичен период

Во Архаичниот период спаѓаат т.н. Ранодинастички период, кога Долен Египет и Горен Египет биле засебни кралства, како и Првата и Втората династија

Ранодинастички период: Долен Египет

Долен Египет, наречен уште и Црната Земја, го зафаќал северниот дел на реката Нил и неговото устие. Овој список можеби не е целосен:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Ранодинастички период: Горен Египет

Горен Египет, наречен уште и Црвената Земја, го зафаќал јужниот дел на реката Нил и пустините. Овој список можеби не е целосен (има уште многу за кои не се знае дали постоеле):

Повеќе информации Име, Коментар ...

Прва династија

Првата династија која владеела од 3050 п.н.е. до 2890 п.н.е.

Повеќе информации Име, Коментар ...

Втора династија

Втората династија владеела од 2890 до 2686 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Старо Кралство

Старото Кралство е период во третиот милениум п.н.е. кога Египет се здобил со првиот постојан цут на цивилизациска комплексност и достигнувања (првото од трите периоди наречени „Кралства“ кои го одбележуваат врвот на развитокот на цивилизацијата во долината на Нил), кое се протега од периодот кога Египет го владеела Третата династија, па сѐ до Шестата династија (26302151 п.н.е.). Многу египтолози тука ја придодаваат и Мемфиската Седма и Осмата династија на Старото Кралство како континуитет на управувањето централизирано во Мемфис. По Старото Кралство следел период на неединство и релативен културен пад кој египтолозите го нарекуваат Прв преоден период—или, како што Египќаните го нарекувале, „првото боледување“.

Кралската престолнина за време на Старото Кралство била Мемфис, каде Џосер го воспоставил својот двор. Старото Кралство е веројатно најпознато по големиот број на изградени пирамиди. Затоа, Старото Кралство често се нарекува „Добата на пирамидите“.

Трета династија

Третата династија владеела од 2686 до 2613 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Четврта династија

Четвртата династија владеела од 2613 до 2498 п.н.е. и во неа спаѓаат фараоните по чии наредби се изградени големите пирамиди - Хуфу (Кеопс), Хафр (Кефрен) и Менкаур (Микерин).

Повеќе информации Име, Коментар ...

Петта династија

Петтата династија владеела од 2498 до 2345 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Шеста династија

Шестата династија владеела од 2345 до 2181 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Прв преоден период

Првиот преоден период е периодот помеѓу крајот на Старото Кралство и доаѓањето на Средното Кралство.

Старото Кралство пропаднало по смртта на Пепи II. Тој владеел цели 94 години, подолго од било кој друг монарх во историјата, и умрел кога имал 100 години. Подоцнежните години од неговото владеење се одликуваат со неефикасност заради неговата старост.

Обединетите кралства се разделиле на повеќе делови и владетелите морале да се справуваат со гладот како резултат на овој распад.

Околу 2160 п.н.е., нова низа фараони пробале повторно да го обединат Долен Египет од нивната престолнина Хераклепол. Но, во меѓувреме, соперничка група фараони стационирани во Теба повторно го обединувала Горен Египет и судирот помеѓу овие две династии бил неизбежен.

Околу 2055 п.н.е., потомок на фараонот Интеф III ги поразил хераклеполските фараони, ги обединил двете земји, ја основал Единаесеттата династија и владеел како Ментухотеп II, првиот фараон на Средното Кралство.

Седма и Осма династија (заедно)

Седмата и Осмата династија владееле од 2181 до 2160 п.н.е.. (Оваа табела се заснова врз Абидоската табела од храмот на Сети I, преземена од www.narmer.pl/main/abydos_en.html[мртва врска])

Повеќе информации Име, Коментар ...

Деветта династија

Деветтата династија владеела од 2160 до 2130 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Десетта династија

Десеттата династија била локална група која го занишала Долен Египет - владеела од 2130 до 2040 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Единаесетта династија

Единаесеттата династија била локална група која влечела корени од Горен Египет - владеела од 2134 до 1991 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Средно Кралство

Средното Кралство е период од крајот на Првиот преоден период до почетокот на Вториот преоден период. Покрај Двенаесеттата династија, некои стручњаци ја ставаат Единаесеттата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата династија во Средното Кралство. Средното Кралство се одликува со експанзија на трговијата вон самото кралство. Ова отворено тргување довело до падот на Средното Кралство, поттикнат од инвазија од Хиксите.

Дванаесетта династија

Дванаесеттата династија владеела од 1991 до 1802 п.н.е. која подоцна Египќаните ја сметале за најдобрата династија.

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Втор преоден период

Вториот преоден период е период на неред меѓу крајот на Средното Кралство и почетокот на Новото Кралство. Периодот е најпознат како времето во кое Хиксите се појавиле во Египет, чии владеења се состоеле од Петнаесеттата и Шеснаесеттата династија.

Тринаесеттата династија била многу послаба од Дванаесеттата династија и не можела да го задржи Египет во целост. Провинцијалното владеачко семејство во Ксоа, кај мочуриштата на западното устие, се отцепило од централната власт и ја формирало Четиринаесеттата династија.

Хиксите за првпат се појавиле за време на владеењето на Собехотеп IV, кои околу 1720 п.н.е. го зазеле градот Авара (денешен Тел ед-Даба/Хатана). Хиксите, под водство на Салита, основачот на Петнаесеттата династија, го зазеле Египет за време на Дудимос I.

Во времето кога Мемфис потпаднал под власта на Хиксите, египетската владејачка династија во Теба објавила независност и се вопоставила како Седумнаесеттата династија. Подоцна оваа династија ги потисната Хиксите назад во Азија.

Тринаесетта династија

Тринаесеттата династија (според Торинскиот папирус) владеела од 1803 до околу 1649 п.н.е. и истрајала 153 или 154 години според Манетон.

Повеќе информации Име, Коментар ...

Местото на следниве кралеви е несигурно:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Четиринаесетта династија

Четиринаесеттата династија била локала група од источното устие, сместена во Ксоа (Авара), која владеела од околу 1705 до околу 1690 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Торинскиот папирус ни дава уште 25 имиња, некои нецелосни, и без ниеден датум. Ниедно од овие имиња не се јавуваат никаде на друго место, и сите се мошне сомнителни.

Петнаесетта династија

Петнаесеттата династија се јавила од Хиксите: пустински бедуини кои дошле од Плодната полумесечина и воспоставиле краткотрајна управа врз Нилскиот регион, и владееле од 1674 до 1535 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Шеснаесетта династија

Шеснаесеттата династија била домородна група сместена на северниот брег на Синајскиот Полуостров (Пелусиум) и владеела од 1663 до околу 1555 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Некои извори даваат дури шест други имиња – Семкен, Хаусер, Секет, Ахетепр, Аму и Небхепешр (Апепи III) – кои не се споменати никаде на друго место. Изгледа дека до 1555 г. п.н.е. оваа група сосема исчезнала.

Седумнаесетта династија

Седумнаесеттата династија била сместена во Горен Египет и владеела од 1650 до 1550 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Ново Кралство

Новото Кралство е период кој ги покрива Осумнаесеттата, Деветнаесеттата и Дваесеттата династија од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е., помеѓу Вториот и Третиот преоден период.

Преку воената хегемонија во странство, за време на Новото Кралство Египет се проширил најмногу во својата историја. Државата се проширила длабоко во Нубија на југ, како и на големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетитски сили за превласт на денешна Сирија.

Двата најпознати крала од Новото Кралство се Ехнатон, познат и како Аменхотеп IV, чија исклучителна посветеност само на богот Атон се смета за прв пример на монотеизам, и Рамзес II, кој пробал да ги врати териториите на денешен Израел, Либан и Ситија кои Египет ги имал за време на Осумнаесеттата династија. Неговите походи резултирале со Кадешката битка, каде тој ја водел египетската војска против војската на хетитскиот крал Мватали II.

Осумнаесетта династија

Осумнаесеттата династија владеела од 1550 до 1295 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Деветнаесетта династија

Деветнаесеттата династија владеела од 1295 до 1186 п.н.е. и во неа спаѓа еден од најголемите фараони, Рамзес II Велики:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесетта династија

Дваесеттата династија владеела од 1185 до 1070 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Трет преоден период

Третиот преоден период го одбележал крајот на Новото Кралство по колапсот на Египетската империја. Во овој период владееле разни династии со либиско потекло, и затоа алтернативно овој период се нарекува Либиски период.

Дваесет и прва династија

Дваесет и првата династија била сместена во Танис и била релативно слаба група. Теоретски тие биле владетели на цел Египет, но фактички нивното влијание било ограничено на Долен Египет. Владееле од 1069 до 945 п.н.е.

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и втора династија

Фараоните од Дваесет и втората династија биле Либијци кои владееле од околу 945 до 720 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и трета династија

Дваесет и третата династија била локална група, повторно од либиско потекло, сместена во Леонтополис која владеела од 836 до 720 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Либујци

Либујците не се сметаат за династија. Тие биле уште една група на западни номади (Либијци) кои живееле на територијата на западното устие од 805 до 732 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и четврта династија

Дваесет и четвртата династија била краткотрајна соперничка династија од западното устие (Саис), со само два фараона кои владееле од 732 до 720 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Доцен период

Доцниот Период се протега од 732 п.н.е. до моментот кога Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Во него спаѓаат периодите во кои владееле Нубијците, Персијците и Македонците.

Дваесет и петта династија

Нубијците извршиле инвазија на Египет во 732 п.н.е. и го зазеле престолот, воспоставувајќи ја Дваесет и петтата династија која владеела сѐ до 656 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Овие на крајот биле потиснати назад во Нубија, каде создале кралство во Напата (656-590), и подоцна, во Мерое (590 п.н.е. - 4 век н.е.)

Дваесет и шеста династија

Дваесет и шестата династија владеела од околу 672 до 525 п.н.е..

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и седма династија

Во 525 п.н.е. Персиската империја го освојува Египет и така тој станува дел од нивното царство сѐ до 404 п.н.е.. Ахеменидските шахови во ова доба биле признавани за фараони, така сочинувајќи ја „Дваесет и седмата“ династија:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и осма династија

Дваесет и осмата династија траела само 6 години, од 404 до 398 п.н.е., со само еден фараон:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Дваесет и деветта династија

Дваесет и деветтата династија владеела од 398 до 380 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Триесетта династија

Триесеттата династија владеела од 380, па сѐ додека Египет повторно не потпаднал под персиска власт во 343 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Триесет и прва династија

Египет повторно потпаднал под Ахеменидска Персија. По обичајот на Манетон, персиските владетели од 343 до 332 п.н.е. понекогаш се нарекуваат Триесет и прва династија:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Аргеади

Македонците под водство на Александар Македонски го започнале т.н. „Македонски период“ (некаде нарекуван „Еленски период“) со освојувањето на Персија и Египет. Аргеадите владееле од 332 до 309 п.н.е.:

Повеќе информации Име, Коментар ...

Птолемаиди

Втората Македонска династија, Птолемаиди владеела со Египет од 305 п.н.е., до потпаѓањето на Египет под римска власт во 30 п.н.е. (годините се преклопуват, каде што имало двојно владеење):

Повеќе информации Име, Коментар ...
Remove ads

Рим

Клеопатра VII била во љубовна врска со римскиот диктатор Јулиј Цезар, и римскиот генерал Марко Антониј, но само по нејзината смрт во 30 п.н.е. (по поразот на Марко Антониј од страна на Август, подоцна цар Октавијан Август) Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Сите понатамошни римски владетели ја носеле титулата „фараон“, но само додека се во Египет.

Наводи

  • Sir Alan Gardiner Egyptian Grammar: Being an Introduction to the Study of Hieroglyphs, Трето преработено издание. Лондон: Oxford University Press, 1964. Excursus A, стр. 71-76.

Поврзано

  • Вообичаена египетска хронологија
  • Египетска хронологија
  • Историја на Египет
  • Најголемите фараони

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads