Канатларци
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Канатларци (Турски: Kanatlar) — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на Прилепското Поле, оддалелечено 23,5 километри јужно од Прилеп.
Историја
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канатларци живееле 915 жители, од кои 840 Турци, 55 Македонци и 20 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канатларци имало 55 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Канатларци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 142 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.650 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Канатларци живеат 972 жители и претставува голема населба.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.202 жители, од кои 79 Македонци, 2 Албанци, 973 Турци, 102 Бошњаци и 46 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Родови
Канатларци е македонско-турско-бошњачко-албанско село.
- Турски родови се: Текешенлар (17 к.), Шемкалар (10 к.), Буцкалар (40 к.), Кртелер (40 к.), Ќиванлар (24 к.), Пилелер (24 к.), Суљишлер (20 к.), Асанчелер (15 к.), Абусинлар (20 к.), Амзалар (25 к.), Максутлар (15 к.), Чочанлар (30 к.), Софталар (25 к.), Дауталар (10 к.), Максуталар (20 к.) и Кивалар (5 к.). Последниот род е доселен од селото Карамани. Сите турски родови се доселени во XVIII век од Мала Азија.
- Македонски родови: На имотите на иселените Турци во периодот на 1955/56 година во селото се доселени македонски родови од Охридско, Дебрца (16 к. од селата, Лактиње, Годивје, Црвена Вода, Песочани и Белчишта), Кичевско (1 к. од селото Душогубица), Мариово (1 к.), Железник (1 к. од Илино), Бонче (1 к.) и од Струшко (1 к.).
- Бошњачки родови: Козиќи (5 к.), Рустемовиќи (2 к.), Тмушиќи (2 к.) и Латовиќи (1 к.) доселени се во 1955 година од селото Дунишиќ кај Сјеница; Реџо (1 к.) доселени се кога и претходните родови од некое село кај Нови Пазар.
- Албански родови: 1955 и 1956 година на имотите на иселените турски родови се населиле и шест албански домаќинства, потекнувале од села кај Косовска Митровица.[9]
Remove ads
Општествени установи
Во Канатларци се наоѓа основното училиште „Кирил и Методиј“ во кое се изведува настава на македонски и турски јазик.[10]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1494 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[13]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - најновата селска црква;[14]
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Во 1955 и 1956 година, 50 турски семејства од селото се иселиле во Турција. Иселување во Турција имало и после 1956 година.[9]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads