4
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
4 (IV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 4 година од новата ера, 4. од првиот милениум, 4. од I век и четврта од 0-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5512 и 5513 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4754 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3764 и 3765 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 757.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 4 година се протега во 2640 и 2641, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2700 и 2701 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 547. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 637 и 636 година пред хиџра.
Remove ads
Настани
- Ванг Манг ја презел титулата „Висок војсководец“;
- Марко Плауциус Силванус бил именуван како римски проконзул на Азија.
Родени
- Колумела, римски писател (починал во 70 година);
- Некои веруваат дека Исус од Назарет е роден оваа година.
Починале
- Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, погинал за време на походот во Артагира во Ерменија;
- Теренција, првата сопруга на Цицерон (родена во 98 п.н.е.);
- Хјокгосе, првиот владетел на Кореја;
- Артавазд IV, крал на Ерменија (роден во 20 п.н.е.);
- Гај Асинис Полио, оратор и историчар (роден во 65 п.н.е.);
- Ариобарзан II, крал (роден во 40 п.н.е.).
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads