Јелена Јованова

македонска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јелена Јованова Периќ (Бања Лука, 21 октомври 1984 ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа е една од најталентираните и најнаградувани македонски глумици од помладата генерација.

Кратки факти Родена, Националност ...
Remove ads

Биографија

Рани години и образование

Јелена Јованова е родена во Бања Лука на 21 октомври 1984 година. Нејзиниот татко е Македонец од Штип, а мајка ѝ е Србинка од Приедор. Таа има постар брат кој работи како новинар. Нејзините родители се запознале и долго време пред нејзиното раѓање живееле во Загреб, каде што е роден нејзиниот брат, но подоцна решиле да се преселат во Штип. Покажала големи склоности кон уметноста уште на рани години, а започнала со глума во средношколските денови.[1]

Во 2002 година ја добила наградата за надежен млад глумец во Македонија на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани за улогата на Кристина во „Дупло дно“ од Горан Стефановски. Се запишала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала на отсекот за глумечка игра во класата на професорот Владо Цветановски во 2007 година.[2]

Театарска кариера

Јелена првите театарски улоги ги добила уште како студент, а во тој период особено се прославила како Бисера во „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски.[3] Оттогаш, одиграла бројни улоги во театарски претстави поставени во Народниот театар во Штип, Драмскиот театар во Скопје и Македонскиот народен театар.[1] Меѓу позначајните се издвојуваат оние на Хани во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ од Едвард Олби;[4][5] на Хасанагница во театарската адаптација од Љубомир Симовиќ на истоимената епска песна;[6] како и на Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фоси,[7] којшто го означил враќањето на овој жанр на театарското поприште во Македонија.[8] Од 2009 година работи во Македонскиот народен театар.[2]

Филм и телевизија

Во филмската уметност, Јелена се пробила со улогата на Јасмина во ирскиот филм номиниран за Оскар за најдобар странски филмКако да ме нема“ во режија на Хуанита Вилсон од 2010 година,[9] а веќе следната година ја добила улогата на Есма во режисерскиот првенец на Анџелина ЏолиВо земјата на крвта и медот“ и со тоа станала најмлада глумица од Македонија која настапила во холивудски филм.[1] Подоцна, се појавила во главната улога на Јована во првиот македонски филмски мјузикл „Црно и бело“,[10] го толкувала ликот на Вера во шпанскиот филм „El desentierro“,[11] а во ликот на Светлана глумела во српскиот детски филм „Ловци на вештерки“.[12]

Телевизиската кариера ја започнала со надсинхронизација на цртани филмови, телевизиски и радиски реклами.[2] Во периодот од 2008 до 2012 година била водителка на телевизиската емисија за автомобили „Високи Октани“. Во 2013 година зела учество во првата сезона од македонското издание на реалното шоу „Танц со ѕвездите“, каде што настапила заедно со Христијан Димитровски.[13] Претстојниот период го посветила на глума во телевизиски серии. На самите почетоци ја добила главната улога на Марина во хрватската серија „Тајни“.[14] Потоа, преку ликот на Милена се појавила и во првата македонска серија снимена според странска лиценца „На терапија“.[15] Особена популарност стекнала со улогата на Јелена во македонската ситуациска комедија „Преспав“.[16]

Остварила учество на филмските фестивали во Сараево, Торонто и Каиро, како и на работилници со театарските работници Ненси Бишоп, Леон Лучев и Александра Кочова.[2]

Remove ads

Личен живот

Во брак е со хрватскиот глумец Стјепан Периќ од 2015 година, со кого се запознала за време на снимањето на серијата „Тајни“.[17] Со него има два сина — Јаков, роден во јуни 2020 година,[18] и Тома, роден во септември 2024 година.[19] Живее во Загреб и работи во Скопје, па постојано е на релација меѓу Хрватска и Македонија.[20]

Театрографија

  • Меги — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
  • Мери — „Лекција“ од Ежен Јонеско, р. Перо Данилов, Народен театар - Штип, 2005;
  • Дулчинеа — „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, р. Дејан Пројковски, Народен театар - Штип, 2005;
  • Филомена — „Метаморфозис“ од Публиј Овидиj Назон, р. Миха Голоб, Народен театар - Штип, 2005;
  • Бледа — „Збогум Јудо“ од Иренеуш Иридињски, р. Љубиша Георгиевски, Народен театар - Штип, 2006;
  • Бисера — „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје, 2006;
  • Јулија — „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, р. Јован Ристовски, Народен театар - Штип, 2006;
  • Дебора — „Сексуални перверзии во Чикаго“ од Давид Мамет, р. Нела Витошевиќ, Драмски театар - Скопје, 2007;
  • Марица — „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2007;
  • Елена — „Големите очекувања“ од Ана Ристоска, р. Јован Ристовски, МНТ ,2007;
  • Пациент — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • Петруњела — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, Дубровнички летни игри, 2008;
  • Магда — „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2008;
  • Анка — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, Македонски народен театар, 2009;
  • Елена — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
  • Марија — „Тупаница полна со љубов“ од Дејан Дуковски, р. Санди Лопичиќ, МНТ и Берлински фестивал за посебни музички претстави „Open Op“, 2010;
  • Евдокија — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2010;
  • Алекс — „Темпирана опера“ од Бертолт Брехт и Ентони Барџис, р. Васил Христов, МНТ, 2010;
  • Ајрон — „Класен непријател“ од Вилијамс Најдал, р. Васил Христов, Вондерленд театар, 2011;
  • Милена — „Семејни приказни“ од Србљановиќ, р. Ивана Ангеловска, Вондерленд театар, 2011;
  • Хани — „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2012;
  • Хасанагиница — „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, Народен театар - Штип, 2012;
  • „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ и Театар за деца и младинци - Скопје, 2012;
  • Рокси Харт — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015.
Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
2006Тајната книга ТВ-филмГласот
2009Мојот живот ТВ-филмТаа
2010Како да ме нема ТВ-филмЈасмина
2011Во земјата на крвта и медот ТВ-филмЕсма
2012Скопје ремикс ТВ-филмПаган
2012Трето полувреме ТВ-филмЕврејска мајка
2013-2014Тајни ТВ-серијаМарина
2015Скора ТВ-филмМиш
2015Кај пукнало да пукте ТВ-серијаНадалија
2016Дете ТВ-филмМајка
2016Устав на Република Хрватска ТВ-филмПолицајка
2016-2023Преспав ТВ-серијаЈелена
2017Инсајдер ТВ-серијаМилена
2017Железната приказна ТВ-филмНадире
2018Ловци и вештерки ТВ-филмСветлана
2018Црно и бело ТВ-филмЈована
2018Еј ТВ-филмБани
2019Помеѓу нас ТВ-филмЛеона
2019Врба ТВ-филмМелина
2019Фамилија Марковски ТВ-серијаЕли
2020Хомо ТВ-филмЈулија
2022Еден тон сладолед ТВ-филмЕва
2023Нешто слатко ТВ-филмКаја
Remove ads

Награди

  • Награда за надежен млад глумец на Драмскиот аматерски фестивал во 2002 година;
  • Награда за најпопуларна глумица за 2010 година на Златна бубамара на популарноста;
  • Награда за глумица за 2016 година на Златна бубамара на популарноста;
  • Признание „8 Ноември“ за 2018 година за постигнување во сферата на културата и развојот на театарската и филмската уметност;
  • Награда за најдобра глумица на Story Awards во 2019 година;
  • Награда за ТВ-глумица за 2019 година на Златна бубамара на популарноста.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads