Јовче Тесличков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јовче Тесличков
Remove ads

Јовче Тесличков, роден како Јованче Димов Тесличков (Велес, 17 октомври 1925Седларево, 24 октомври 1944) — истакнат македонски партизан од Велес. Учесник во НОБ како дел од осмата велешка ударна бригада.[1] Истакнат член на велешката подгрупа на македонската комунистичка партија. По негова чест велешкото економско средно школо СОУ „Јовче Тесличков“ го носи неговото име.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Потекло

Фамилијата Тесличкова потекнувале од селото Долно Црнилиште, Свети Николе.[3] Во време на суровото турско ропство на Македонија се преселиле во градот Велес, во денешната улица „Вера Циривири 2“, улицата за време на бугарската фашистичка окупација на градот го носело името „Генерал Танев“.[4] Според гледиштата на Жаклина Блажевски тој сметал дека фамилијата Тесличкова го родиле Никола Тесла но заради сиромашните услови го продале кон побогата српска фамилија во Смиљан, Лика.[5][6]

Рани години

Јовче Тесличков е роден во сиромашна фамилија, неговиот татко Димо Тесличков работел под лоши услови покрај велешкиот монопол за мала плата, додека мајка му Лена Тесличкова се грижела за децата дома. Платата на Димо Тесличков бил доволно само да се исхраниле.[1] За основно образование тој учел во црковното школо „св. Ѓорѓи“ и после продолжил средношколско образование во единствената велешката гимназија.[7]

Кога бил петнаесет години неговиот роден град подпандал под суровата бугарска фашистичка армија кога уште се учел во велешката гимназија.[1] На 14 март, 1942 година Тесличков заедно со голем број од велешките гимназијалци воделе штрајк против фашистичката влада на Бугарија бидејќи не се согласувале со тогашното правило дека бугарскиот јазик требало да биде службен.[8][9]

Thumb
Куќата на фамилијата Тесличкова

Приклучување во социјалистичкото движење

Заради неговото учество во штрајкот тој бил отстранет од школото под новата бугарска фашистичка влада, во иста година бил примен во Комунистичката партија на Југославија и бил еден од поистакнати членови на велешката подгрупа на самата партија. Кога бил приклучен во партијата Тесличков почнал да ги читал комунистичките дела на Карл Маркс и почнал да се ориентира кон социјализмот и комунизмот.[1][7]

Заради неговите млади години тој не учествувал во војската туку соработувал со другите социјалистички членови и политичари. Во 1944 година кога постигнал 18 години доброволно учествувал во формирањето на осмата велешка бригада во селото Отиштино.[7] Тој служел како борец од вториот баталјон на велешката бригада.[7]

Заради неговата храброст и мудрост бри битките тој бил предложен да добие своја сопствена чета. Тесличков водел борби покрај железничката бруга помеѓу Скопје и Велес. Кога постигнале до Скопје почнале да водат различни битки со албанските фашистички балисти во Сува Гора.[10]

Тесличков учествувал во битки за ослободувањето на селата Грчец, Горно Нерези, Крушопек и други во регионот Каршијак.[10] При битката на ослободувањето на селото Седларево тој бил трагично погоден од бугарските фашисти и на деветнаесет години умрел. После војната неговите остатоци биле закопани во велешката костурница.[10] Во негова чест кога било отворено велешкото економско средно школо го носело неговото име.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads