Евровизија 2008

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евровизија 2008
Remove ads

Евровизија 2008 беше 53-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Србија. Двете полуфинални вечери беа одржани на 20 мај и 22 мај 2008, а финалната вечер на 24 мај во главниот град на Србија, Белград. На овој натпревар оваа година се натпреваруваа 43 земји, од кои за првпат имаа чест Азербејџан и Сан Марино. Натпреварувањето беше одржано во Белградска Арена, која има капацитет од 20.000 седишта. Србија доби право на организирање на натпреварот со победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007, во финскиот град Хелсинки. Одговорна телевизија на овој натпревар беше Радиотелевизија Србија (РТС). Победник на манифестацијата беше Русија, со пејачот Дима Билан и насловната нумера "Believe" која освои 272 бодови. На второ место се пласира Украина додека на трето Грција.

Кратки факти Датум, Домаќин ...
Thumb
Белградска арена – место каде се одржал настанот.

На 15 јануари 2008 беше официјално отворена мрежната страница за оваа Евровизија, и за првпат Eurovision.tv преку ESCTV посетителите ќе имаат можност да ги следат сите национални избори во живо како и главните вечери. На 30 јануари 2008 беше претставено логото и слоганот за Евровизија 2008 кој гласи „Мешавина од звук“ или „Confluence of Sound“.

Поради протестите во Белград, поради прогласувањето независност на Косово, на 22 февруари 2008 беше најавено дека е можно преместување на манифестацијата во друга земја. Украина беше земена како опција, поради тоа што таа минатата година го зазема второто место. Финска и Грција исто така се понудија да ја организираат манифестацијата. Но, на крајот беше одлучено манифестацијата да се одржи во Белград, со поддршка на ЕБУ.

Remove ads

Подготовки

Првата проба на натпреварувачите се случи на 11 мај на површина од 27 со 25 квадратни метри голема сцена. Натпреварувачите од 43 земји имаа проби 2 пати дневно во само 8 дена.

2.000 луѓе работеа во Белградска Арена да ја подготват за Евровизија. Тежината на целокупната тејничка опрема спрема предвидувањата тежи околу 72 тони. Конструкторите се погрижија да ја направат инспиративна сцената. 20 камери ќе бидат употребени, да ни дадат најдобра можна слика и пренос на телевизија.

Remove ads

Учесници

Земји учесници директно пласирани во финалето

Финале

Финалето ќе биде одржано на 24 мај.

Повеќе информации #, Држава ...
Thumb
  1
  2
  3
  4
  5
  6
  7
  8
  9
  10
  11
  12
  13
  14
  15
  16
  17
  18
  19
  20
  21
  22
  23
  24
  25

Уште 20 земји ќе влезат во финалето од двете полуфинални вечери.

Земји учеснички во полуфинале

Прво полуфинале

Првото полуфинале беше одржано на 20 мај.

Повеќе информации #, Држава ...
Remove ads

Второ полуфинале

Второто полуфинале ќе биде одржано на 22 мај.

Повеќе информации #, Држава ...
Remove ads

Презентери на гласови

Презентер на гласови за Македонија на Евровизија 2008 беше Презентерот на Вести од Македонската радио-телевизија - Огнен Јанески.

Редослед на гласање

Емитувања на полуфиналињата

Како што беше објавено, државите мора да го пренесуваат финалето и полуфиналето во кое учествуваат. Велика Британија,[3] Сан Марино, Грција, Хрватска,[4] Ирска, Германија,[5] Холандија,[6] Норвешка,[7] Малта,[8] Србија,[9] Финска,[10] Босна и Херцеговина,[11] Данска,[12] Португалија,[13] Кипар[14] Израел,[15] Естонија,[16] Турција,[17] Латвија,[18] Словенија[19] Русија,[20] Украина,[21] Литванија, Чешката Република,[22] Андора,[23] Албанија,[24] Бугарија, Исланд,[25] Шведска,[26] Романија[27] и Австралија потврдија дека ќе ги емитуваат двете полуфиналиња (некаде како снимки, а некаде во живо).

Меѓународни емитувања

 Австралија
Иако Австралија не може да учествува, изборот беше емитуван на телевизискиот канал Ес-би-ес (SBS). Првото и второто полуфинале како и финалето беа емитувани во петок сабота и недела (23, 24 и 25 мај 2008) во 19:30 по месно време,[28] низ викендска евровизиско-тематска програма.[29] Локалната водителка, Џулија Земиро, само се појави во уводниот и завршниот дел на емитувањето, додека целиот дел беше преземен од Бибиси.[30] Овие години, Изборот за песна на Евровизија е еден од највисоко рангираните телевизиски програми на Есбиес во смисла на гледаност[31] Финалето на Есбиес го гледале 427,000 гледачи, додека 421,000 го гледале второто и 272,000 првото полуфинале[32]
 Австрија
Во Австрија, државната телевизија ОРФ го емитуваше фестивалот во живо и доби многу високи телевизиски рејтинзи, и покрај тоа што Австрија не учествуваше на натпреварот. Но сепак, ОРФ не ги емитуваше полуфиналињата на 20 и 22 мај, па Австријците можеа да ги гледаат двете полуфиналиња на германската телевизија (ARD).[33]
 Италија
Ниту една италијанска телевизија од Италија не го емитуваше натпреварот но Санмаринската телевизија (SMRTV), која го емитуваше целиот фестивал и на радио и на телевизија, може да се гледа во некои делови на Италија: Ромања (и мал дел од регионот Емилија вклучувајќи ја Болоња, северен Марче, и јужен Венето, вклучувајќи ја и Венеција.[34]
 Свет
Емитување во живо за во цел свет на Изборот на Песна на Евровизија беше овозможено од страна на европските телевизии кои се емитуваат сателитски како романската TVRi, грчката ERT World, јавната телевизија на Ерменија (ARMTV), шпанската TVE Internacional, турската TRT International, полската TVP Polonia, португалската RTP Internacional, српската РТС Сат и шведската SVT Europa. Официјалното мрежно место на Евровизија исто така го емитуваше фестивалот во живо без коментар користејќи ја p2p мрежата Octoshape.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads