Ковачевица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ковачевицаmap
Remove ads

Ковачевицасело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Ковачевица, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Улица во селото
Thumb
Црквата „Св. Никола“
Thumb
Училиштето „Јорџе Димитров“
Thumb
Куќа во селото
Thumb
Дишланова куќа
Thumb
Чешма во селото

Селото Ковачевица се наоѓа на 22 километри североисточно од Неврокоп и на 14 километри северно од општинскиот центар Грмен, во планинска област на Западни Родопи, и на надморска висина од 1050 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.706 км2. Селото се наоѓа над реката Канина, во чија долина се наоѓа малото обработливо земјиште и стариот пат што води кон Неврокоп и долината на реката Места. Реката е позната по изобилство на пастрмка и прекрасните водопади.

Remove ads

Историја

Османлиско Царство

Основањето на Ковачевица традиционално се поврзува со доселениците од соседното село Рибново и веројатно од Банско. За првпат селото било забележано во отоманските регистри во 15-16 век.[1] Во списокот на населби со регистрирани имиња на глави на домаќинства во втората половина на 15 и почетокот на 16-от век, во селото Ковачевица биле регистрирани 17 лица.[2] Во 1791 година пристигнале 5-10 македонски семејства од селото Омотско, Слимница и Добролишта, Костурско, кои се населиле во долниот дел, наречен Арнаутска маала.[3] Костурчани, градители по професија, го основале училиштето за архитектонско градежништво Ковачевица[4] во 1820 година. Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1847 година. Уште во овој период, селото претставувало значаен културен центар на целиот регион. Новата двокатна зграда на училиштето била изградена во 1888 година со донација на учителот Јорџе Димитров, во спомен на загинатите три од неговите четири деца кога турските сили му ја запалиле целата куќа. И до денес, училиштето го носи името „Јоџе Димитров“.

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската каза. Во 1865 година било основано читалиштето „Светлина“.[5] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковачовица е село со 185 семејства и 630 Македонци.[6][7] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) навел дека во селото имало 165 македонски куќи.[6][8]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Ковачовица, на СИ од Неврокоп 4 1/2 часа. Лежи во еден дол помеѓу скалести ридови. Канина е е многу блиску до селото. Ѕидари и сточари; некои излегуваат квалификувани занаетчии во странство. Бугарска црква “Св. Никола, и училиште со 50 или повеќе ученици. Бугарското училиште е премногу старо. 250 македонски куќи.[6][9]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1400 жители, сите Македонци.[6][10] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1728 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми.[6] Во селото работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 37 ученици.[11] Во 1908 – 1909 година селото имало 209 куќи.[12]

Во Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година, во селото била основана работна шумарска кооперација „Родопи“, која има фабрика за преработка на дрва.[13]

Remove ads

Население[14]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[15]:

Културни знаменитости

  • Црквата „Св. Никола“, која била изградена во 1847 година денес претставува единствен културен споменик во селото. Таа е една од петте најголеми базилики во Бугарија, и е изградена според традиционалната градежна технологија и материјали за Ковачевица, цврсти камени и покрив покриен со камени плочи.
  • Ковачевичка чешма
  • Дишланова куќа

Личности

Родени во Ковачевица
Починати во Ковачевица
  • Петар Милев (1879 – 1908) — македонски револуционер
  • Силва Зурлева (1958 – 2020) — бугарска новинарка и професор.
Remove ads

Поврзано

  • Ковачевичка школа — градителска школа од селото

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads