Леринско-преспанско-еордејска епархија

епархија на Цариградската партијаршија во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Леринско-преспанско-еордејска епархија
Remove ads

Леринско-преспанско-еордејска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Лерин, Егејска Македонија. Почнувајќи од 2000 г. епархијата ја возглавува митрополитот Теоклит. Епархијата ги опфаќа подрачјата на општините Лерин, Преспа, Суровичево и Еордеја (Кајларско), Егејска Македонија.[1][2]

Кратки факти Леринско-преспанско-еордејска епархија Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας, Место ...
Thumb
Катедралата „Св. Пантелејмон“ во Лерин.

Од долунаведеното може да се види дека Цариградската патријаршија сето време претендирала врз териториите на Охридската архиепископија сè додека не успеала да го издејствува нејзиното укинување во 1767 г.

Remove ads

Историја

Мегленската епископија се смета себеси за наследник на Хераклејската, чие седиште било во Хераклеја Линкестис кај Битола. Епархијата го носи името на областа Меглен, и своевремено веројатно имала седиште во тврдината Меглен.[3] Епископијата за првпат е спомената во грамотата на царот Василиј II од 1018 г. со која се утврдуваат границите на Охридската архиепископија.[4] При археолошкото ископување на тврдината откриена е епископската базилика — катедрала на Мегленската епархија.[5]

По уривањето на тврдината Меглен, седиштето на епископијата е преместено во богатото планинско село Ноти.[3] Епископот Антим (1691 – 1699) е споменат како Мегленско-молиски (Μογλαινών και Μολεσχών) и веројатно Молиската епархија е споена со Мегленската. Оваа титула останала сè до XVIII век во различни облици: Мегленско-молиски (Μογλενών και Μολισκού), Мегленско-молоски (Μογλενών και Μολοσχών, Μογλενών και Μολισχού).[6] Во 1719 г. Мегленската епископија со седиште во Ноти е претворена во митрополија (Μογλενών).[3]

Во 1762 г. по потурчувањето на мегленскиот епископ во 1759 г. седиштето на митрополијата е преместено во Катраница и митрополитската титула станува Мегленско-катранички (Μογλενών και Κατρανίτζης). За мегленско-катранички епископ во декември 1762 г. е избран Герман.[3][7] Понякога името е само Катранички (Κατρανίτζης).[3]

Потоа седиштето за кратко е преместено во Емборе со катедрална црква „Св. Мина“.[8] За време на Неофит (1824 - 1858) седиштето е преместено во Лррин.[9] Во 1925 г. името на епархијата е сменето од Мегленско-леринска (Μογλενών και Φλωρίνης) во Леринско-мегленска (Φλωρίνης και Αλμωπίας). Во 1924 г. од епархијата одвоено Кајларско и образувана е новата Новопелагониска епархија, укината во 1935 г.[10] Сè до 1943 г. епархијата била Леринско-преспанско-мегленска (Φλωρίνης, Πρεσπών και Αλμωπίας), кога е преименувана во Леринско-мегленско-еордејска (Φλωρίνης, Αλμωπίας και Εορδαίας). Со решение на синодот на Грчката православна црква од 22 јуни 1967 г. го носи сегашното име, откако Меглен ѝ е предаден на Воденската епархија.[11]

Remove ads

Епископи

Thumb
Потписот на црковнословенски на анонимниот епископ на Меглен под актот за соборување на патријархот Јоасаф II Цариградски во 1565 г.
Thumb
Разни печати на Мегленската митрополија
Thumb
Кондика на Мегленската митрополија под митрополитот Антим и неговиот секретар Аристид Т. Јанопулос од Бунар Хисар, 7 март 1907 г.
Thumb
Документ на Мегленската митрополија, 1912 - 1913 г.
Thumb
Телеграма од Поликарп Лерински до премиерот Венизелос со молба војската да ја ослободи зградата на поранешната егзархиска општина во Лерин, за да може да се користи како гимназија, 1914 г.
Мегленски (Μογλαίνων, Μογλενών)
Повеќе информации Име, Грчки ...
Мегленско-лерински (Μογλενών και Φλωρίνης)
Повеќе информации Име, Грчки ...
Лерински (Φλωρίνης)
Повеќе информации Име, Грчки ...
Леринско-мегленско-еордејски (Φλωρίνης, Αλμωπίας και Εορδαίας)
Повеќе информации Име, Грчки ...
Леринско-преспанско-еордејски (Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας)
Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Архијерејски намесништва

Повеќе информации Име, Грчки ...

Манастири

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads