Мартулкови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мартулкови
Remove ads

Мартулковимакедонско револуционерно семејство од кој што потекнуваат Петар Мартулков и социјалистот Алексо Мартулков. Различни членови во семејството си го посветиле животот кон македонското национално движење. Поради нивното влијание дел од семејството имале значајни раководни функции во Царството Бугарија и Социјалистичка Македонија. Некои биле пратеници во президиумот на АСНОМ, собранието на Бугарија и Македонија, директори на првото средно училиште во Софија, полковник во бугарската армија, водач на Комитетот на дезертери и многу други политички и раководни функции.

Thumb
Алексо Мартулков, меѓу најзначајните претставници на семејството.
Remove ads

Податоци

Мартулковото семејно потекло е непознато, според едно истражување тие најверојатно се доселеници од Мартолци во градот Велес.[1] Семејството не е познато во списокот на велешкиот историчар Христо Чочков за Прцоречани родени меѓу 1740 и 1810 година. Сава Мартулкова, родена Василева — мајка на Алексо и Петар, наверојатно потекнува од свештеникот Поп Васил, црковен деец во почетокот на XIX век.[2] Таткото Пано (Онче) Мартулков е најверојатно роден во 1837 година, тој бил воденичар и деец во раното македонско национално движење. Поради неговите дејности во 1867 година бил прогонет во градот Дијарбекир.[3]

Според сеќавањата на Алексо Мартулков, објавена во неговата автобиографија насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“, после кражбата на Хаџи Јован Весов во 1900 година турската полиција го уапсиле татко му заедно со чичко му.[4] Во 1909 година според податоците од бугарскиот весник „Отечество“ Пано Мартулков заедно со Лазо Петрев, Диме Илиев, Иван Димев, Диме Карапанов, Илија Ангелов и Трајко Бујуклија биле осудени во велешкиот турски суд поради неговото учество во убивањето на Петре Христов од Огништино.[5] Македонскиот историчар Ѓорѓи Малковски во неговата книга за Велес меѓу Балканските војни и Првата светска војна открил извештај од тогашната српска општина во градот, според документот Пано Мартулков бил бакал од Кузево маало. Додека пак дополнителен документи тврдат во 5 јули 1915 година во Велес имало бакал со името Диме Панов Мартулков.[6]

Диме Мартулков е најверојатно третиот син на Пано Мартулков. Поради непозната причина Диме не е воопшто спомнат во спомените на Алексо Мартулков и брат му Петар Мартулков. Според бугарскиот весник „Родина“ Пано му подарил на Диме 50 лева преку Бугарскиот црвен крст во 1917 година.[7] Неговата судбина после тоа е непозната, но најверојатно Пано Мартулков се преселил во Царството Бугарија. Пано најверојатно имал брат по име Тодор Мартулков, претприемач и просветител кој помогнал со музичката програма на Јордан Хаџи Константинов Џинот.[8] Тодор бил сопственик на маслодајна фабрика заедно со велешкиот политичар Ѓошо Органџиев. Тодор бил вдовец и живеел во маалото Крајот заедно со внука му Нада Мартулкова. Неговото семејство било значајно со маалото поради нивната чешма со слатка и чиста вода.[9]

Меѓу најзначајните претставници во семејството е Александар Мартулков, социјалист и политичар роден во 1878 година. Познат по псевдонимот Бизмарк. Александар од млади години се посветил кон социјалистичкото движење. Во 1896 година учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1899 година организирал штрајк против Скопското педагошко училиште и подоцна агитаторска одисеја низ југоисточна Македонија. Меѓу 1902 и 1903 година помогнал во организирањето на Илинденското востание во Кумановско. После востанието дејствувал со четата на Иван Наумов Аљабакот низ Азот и Велешко. Александар имал различни политички функции низ неговиот живот и служел како пратеник во бугарското и подоцна македонското собрание. Сепак Алексо никогаш немал деца, поради тоа семејната лоза умре со него.

Петар Мартулков е постариот брат на Александар. Тој од млади години работел како печалбар. Се образувал во Солунското машко гимназиско училиште. Служел за кратко време во бугарската војска. Се преселил во Софија каде што работел како професор по математика. Станал значаен просветител во бугарското образование како директор на првото средно училиште во Софија. Истовремено работел како инспектор. Низ неговиот живот тој објавил различни книги за аритметика, алгебра и други предмети поврзани со математиката. Се оженил со Роса Мартулкова, просветителка од градот Велес. Роса била професорка по бугарски јазик и заедно се преселиле во Бугарија. Роса и Петар имале син со името Станислав Мартулков, кој подоцна станал радиотехничар и инженер. Станислав како неговиот татко исто така објавил неколку книги. Нема податоци за семејството после тоа.

Remove ads

Семејство

Мартул (?)
Тодор Мартулков
Коцка Мартулкова
Нада Мартулкова
Киро Мартулков
Пано Мартулков
Диме Мартулков
Алексо Мартулков
Петар Мартулков (оженет со Роса Мартулкова)
Станислав Мартулков

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads